Путин: Три од петте милијарди долари што Украина ги доби од ММФ треба да ѝ бидат дадени на Русија

Од 5 милијарди долари што Украина треба да ги добие од ММФ до крајот на годината, 3 милијарди долари треба Киев да ѝ врати на Русија, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Од 5 милијарди долари што Украина треба да ги добие од ММФ до крајот на годината, 3 милијарди долари треба Киев да ѝ врати на Русија, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Околу 5 милијарди американски долари до крајот на годината (треба да добие Украина)“, изјави министерот за финансии Антон Силуанов  на состанокот на претседателот на  Русија  Владимир Путин со членовите на владата.

„Од нив 3 милијарди се за нас“, изјави на тоа Путин, пренесува РИА „Новости“.

Како што изјави во средата министерот за финансии Антон Силуанов, Русија не очекува Украина да го врати долгот во наведениот рок.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња