Бајден ја обвини Русија за корупција во Украина

Русија се обидува да извезе корупција и олигархија во Украина како инструмент на надворешната политика, изјави потпретседателот на САД Џозеф Бајден.

„Русија не користи само воена интервенција. Русија се обидува да ја притисне Украина и на финансиски план. Со помош на енергетиката. Како политичко оружје таа се обидува да извезе корупција и олигархија и тоа го користи како инструмент на надворешната политика. Тоа е нов инструмент што го гледаме во водењето на надворешната политика“, смета потпретседателот на САД.  

Според него, Москва се обидува „да создаде услови кои ќе предизвикаат во Украина економски колапс“. Тој уште еднаш повтори дека „санкциите нема да бидат укинати против Русија сѐ додека таа во целост не ги исполни своите обврски согласно Минската спогодба“.  Бајден истовремено сепак апелираше до Украина навистина да се бори против корупцијата.

„Тоа не можат да бидат реформи на хартија. Нив треба да ги почувствуваат претприемачите, граѓанското општество и обичните луѓе на улица кои треба да бидат вработени. Украина пред сѐ треба да ја победи корупцијата која го спречува користењето на огромниот човечки потенцијал на оваа земја“, изјави американскиот потпретседател.

Бајден истакна дека оваа тема редовно се споменува во разговорите меѓу САД и Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња