Дивиот Запад со свој Калашников

Григориј Сисоев / ТАСС
Минатата недела американската компанија Russian Weapon Company која беше основен дистрибутер на оружјето од марката „Калашников“ до воведувањето на санкции против истоимениот руски концерн, започна продажба на легендарниот советски автомат АК-47 од сопствено производство. Во Русија не се изненадени од ваквиот пресврт на настаните, ветувајќи диверзификација на пазарот на потрошувачка, со подобрен квалитет на цивилното оружје и зголемување на приходот од военото. Но, постои ли повод за ваков оптимизам?

На почетокот треба да се види кој и како ги купува производите Калашников во САД, па и во целиот свет (треба да кажеме дека тука не се земаат предвид купувањата за армиите и за другите вооружени структури, туку дека станува збор за продажба на мало). Тука земјите се делат на две категории – на оние каде носењето и чувањето оружје не е легализирано и на оние каде што тоа е легализирано. Во првиот случај станува збор исклучиво за цивилно оружје за самоодбрана и за лов, а во вториот и за воени примероци (или што личат на нив).

Кој пазар е поважен за Калашников? Одговорот е очигледен – втората варијанта е подобра. А, за тоа во која земја има најголем процент легално оружје по глава на жител и за тоа каде најмногу се плаќа за него го знае и мало дете – тоа се безусловно САД. Овој пазар за секој производител на оружје е поважен, одошто светата земја за аџиите – со разлика на тоа што до него не само што треба да се стаса, туку и да се држи со сите сили и колку што е можно подолго. Калашников не е исклучок. Дури и во Русија во која има бескрајна тајга не може да се најдат толку ловџии, колку што во САД има колекционери на оружје. Како резултат на тоа, според менаџерот за комуникации на претпријатието „Калашников“ Василиј Бровко, на американскиот пазар концернот продавал до 90% од своето цивилно производство.

Концернот испорачувал во Америка цивилно ловџиско и спортско оружје, меѓу кое и популарниот карабин „Сајга“ (цивилна варијанта на автоматот Калашников), а исто така и карабини „Лос“, „Барс“, „Собољ“, „Рекорд“, кои се ловџиско оружје. „Калашников“ исто така има направено и полуавтоматски пиштол „Сајга-12“ за полицијата во САД. Но, најголем дел од извозот во САД (нешто повеќе од 50% или повеќе од 100 илјади автомати годишно) отпаѓа токму на цивилната верзија на АК-47, која е ценета кај колекционерите како извесен симбол на СССР, нешто како матрјошка или шубара со црвена петокрака. Овие автомати се користат за чување или за ретко стрелање во природа, затоа нивниот квалитет за сопственикот не е толку важен. Во оваа смисла особено чудно изгледаат изјавите на претставникот на концернот „Калашников“ за намерата „да се борат со оваа појава (производство на АК-47 во САД – заб. ред.) преку принципиелно нови производи, кои квалитативно ќе се разликуваат од аналозите“.

Најдобро логиката на американските потрошувачи ја објаснува потпретседателот на поранешниот партнер на „Калашников“ RWC Џеј Порц: Можете да користите аналог на вино. Кога мислите на вино, што ви паѓа на ум? Француско вино. Тука ја имаме истата ситуација. АК-47 е најдобар доколку е од Русија, зашто е оригинал. Вистина ли е тоа или не – нема значење“.

Впрочем ова не претставуваше пречка за компанијата на Порц да започне со производство на АК-47 по забраната на оригиналот. Треба да се каже дека тука нема ништо принципиелно ново. Поради отсуството на производи од СССР кои се од особен интерес, во светот одамна постои практика за производство на рускиот автомат, и со ова се занимаваат најмалку 20 земји во светот. Во САД воведувањето на санкциите АК го произведуваа 16 претпријатија во 11 земји. 

По заминувањето од овој пазар поради санкциите, RWC едноставно се обидува да го искористи своето минато со концернот „Калашников“ и да заработи дополнителни поени во борбата со конкуренцијата. За ова сведочи и рекламниот слоган на Калашников од оваа компанија на кој пишува „Made in USA: Руско наследство – американски иновации“.

А, што станува со руските сопственици на правата? Засега тие се огласуваат со меки изјави, нарекувајќи го настанот „очекуван“ и, по сè изгледа, се надеваат дека по паѓањето на санкциите ќе се вратат на пазарот.

Засега концернот планира да го компензира огромниот американски пазар со излегување на голем број мали пазари, меѓу кои се и оние во Африка, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Латинска Америка, а исто така и со поактивна продажба на воени производи. Имено трикратниот пораст годинава го прогнозираше самиот концерн (најмногу поради руските државни нарачки).

Кога станува збор за квалитетот и за новите карактеристики на оружјето, на Калашников тој тренд ќе му биде потребен за борба со странските конкурент, но и во Русија, каде од сите производители на цивилно оружје, на овој концерн отпаѓаат 30%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња