Столтенберг: Русија е сигурна во своите сили

Северноатлантската алијанса си има работа со Русија која е сигурна во своите сили, но државите-членки на чувствуваат страв, изјави генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг во интервју за „Дојче Веле“.

Северноатлантската алијанса си има работа со Русија која е сигурна во своите сили, но државите-членки на чувствуваат страв, изјави генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг во  интервју за „Дојче Веле“.

„Си имаме работа со Русија која е сигурна во своите сили. Таа го крши меѓународното право, применува сила за ширење на своите граници... Се сеќавам дека се плашевме (за време на студената војна), но дека истовремено се чувствувавме безбедно. Се плашевме од нуклеарна војна, се плашевме од огромниот Советски Сојуз во соседството на Норвешка. Но се чувствувавме безбедно затоа што Норвешка е членка на НАТО. И бевме сигурни, како и дигурен во тоа, а уште повеќе верувам во тоа денеска“, изјави Столтенберг, а пренесува РИА „Новости”.

Според зборовите на Столтенберг, денеска светот не се наоѓа во состојба на нова студена војна. „Тогаш постоеше Варшавскиот пакт, постоеше НАТО. Беше тоа глобален конфликт, беше тоа судир на две идеологии. Беше тоа опасна, но стабилна и предвидлива состојба. Денес се соочуваме со нови закани. Тука е Исламската држава, насилството и конфликтите во Ирак,  Сирија, во Северна Африка”, изјави тој.

Според него, мерките кои денеска ги применува НАТО за проширување на контингентот во Европа носат одбранбен карактер и се применуваат како одговор на потезте на Русија.

„Русија сѐ почесто споменува нуклеарно оружје како дел од својата одбранбена стратегија. Нашиот одговор носи одбранбен карактер. Тој е пропорционален и во склад со меѓународните договори. Ние веќе ја зголемивме борбената готовост на нашите сили. Го зголемивме военото присуство на источните граници на Алијансата. Организираме некаков вид на мали штабови во балтичките земји, Бугарија, Полска и Романија. Го интензивиравме патролирањето на авионите и присуството во источните земји како одговор на однесувањето на Русија“, изјави генералниот секретар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња