Владата на Канада го прошири списокот со санкции против Русија, дополнувајќи го со тројца државјани на РФ и 14 правни лица.
Во изјавата на премиерот на Канада Стивен Харпер се вели дека дополнителните санкции се поврзани со ситуацијата во Украина.
На листата се додадени раководителите на Евроазискиот младински сојуз, како и фондот „Маршал Капитал Фонд“,мотоклубот „Ноќни волци“, компаниите „Гаспром“, „Гаспром нефт“, „Сургутнефтегас“ и „Транснефт“.
На списокот објавен на сајтот на канадската влада исто така се најдоа Евроазискиот младински сојуз, АД „Сириус“ (произведува оптоелектроника за воена и цивилна употреба), ОАО „Тулски оружејни завод“, ПАО „Обединета корпорација за авиопроизводство“, компанијата „Химкомпозит“ (произведува материјали за одбранбената индустрија), производителот на оружје ОАО „Високоточние комплекси", асоцијацијата „Станкоинструмент“ (специјализирана за механичка инженерија) и ОПК „Оборонпром".
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче