„Вол Стрит Џурнал“: Путин сака да ја искористи Бугарија како „Тројански коњ“

Факт дека Бугарија е една од целите на Путин би требало да го загрижи Западот“, пишува копретседателот на фондот „Америка за Бугарија“ Гери Мекдугал за „Вол Стрит Џурнал“.

„Владимир Путин се обидува целосно да го обнови поранешниот Советски Сојуз... И факт е дека Бугарија е една од неговите цели би требало да го загрижи Западот“, пишува копретседателот на фондот „Америка за Бугарија“ Гери Мекдугал за „Вол Стрит Џурнал“.

Авторот на статијата истакнува дека Бугарија по стекнувањето на независноста напредувала, иако не константно, во правец на демократијата и слободниот пазар. А сега на власт во земјата се обидуваат да дојдат коалиции кои се благонаклонети кон Москва и кои сакаат да ги испратат своите претставници во организации како што е НАТО.

Тоа ќе го зајакне влијанието на Путин во ваквите организации. Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев ја спореди прикриената агресија на Русија спрема Бугарија со „тројански коњ“ со чија помош Русија сака да продре во НАТО. Неговиот страв го споделува и висок претставник на НАТО.

Притоа двајцата истакнуваат дека „агресивниот руски претседател не мора секогаш да праќа војска кога сака сѐ да стави под своја контрола“. Значителен дел од Бугарите имаат позитивен однос спрема Русија. Освен тоа, Бугарија е многу зависна од испораката на руски гас. „Со срцата и умовите на Бугарите управува тоа што Москва е во состојба зиме да го затвори енергетскиот вентил“, пишува Мекдугал.

Тој истакнува дека во 2012 година владата на Бугарија под притисок на поборниците за заштита на животната средина забрани експлоатација на гас и нафта од нафтени шкрилци. Многумина сметаат дека активистите дејствувале по налог на Путин, што потоа ја спречило Бугарија да стекне енергетска независност. Покрај тоа, претседателот на Русија започнал и информативна војна во обид да ги дискредитира западните идеи и бугарските лидери кои ги поддржуваат тие идеи, истакнува Мекдугал.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња