МНР РФ: Опасната линија на ширење на НАТО на исток продолжува

Во коментарот на руското МНР се истакнува дека Москва „во иднина внимателно ќе ги следи конкретните постапки на Алијансата, вклучително и од гледна точка на нивна соодветност со одредбите од Основниот акт Русија-НАТО“.

Средбата на министрите за одбрана на земјите на НАТО во Брисел на 24-25 јуни докажа дека Алијансата како и претходно тежнее кон военополитичка доминација во Европа, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„Со неверојатна упорност НАТО продолжува да ги зајакнува тнр. сили за брза реакција, ја зголемува оперативноста за нивна употреба, помеѓу другото и по пат на распоредување современи командни единици во балтичките земји,  Бугарија, Полска и Романија кои треба да вршат координација за одржување на маневри и можни  операции на Алијансата“, се наведува на сајтот на МНР Русија.

„Освен тоа, САД соопштија дека имаат намера да испратат во Германија да 1200 единици воена техника, од кои 250 (тенкови, борбени оклопни возила и самоодни артилериски системи) потоа ќе бидат стационирани на територијата на балтичките земји и низа источноевропски земји“, се вели во соопштението.

„Со други зборови, продолжува опасната политика на ширење на инфраструктурата на НАТО на исток, јакнењето на военото присуство на Алијансата во близина на руската граница под измислениот изговор за наводно „агресивно дејствување на нашата земја. Непријателските и неправедни изјави добиваат сѐ повеќе военотехничка подлога, што сведочи за намерата на НАТО потезите што ги презема и понатаму да водат само во еден правец”, истакнува Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња