Совет на Федерацијата: Настаните во Ерменија се повторување на првата фаза од превратот во Украина

Членот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Игор Морозов смета дека Ерменија е близу до државен преврат со употреба на огнено оружје и дека е можно САД да се вмешани во настаните.

Членот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Игор Морозов смета дека сегашните настани во Ерменија „до детаљ“ ја повторуваат првата фаза од државниот преврат во Украина и истакнува дека САД можеби управуваат со развојот на настаните, дотолку повеќе што американската амбасада во Ерменија е едно од најголемите дипломатски претставништва на САД во странство.

Морозов смета дека во Ерменија може да се случи ист државен преврат како во Украина за време на Мајдан. „Ерменија е близу до државен преврат со употреба на огнено оружје. Тоа ќе се случи ако претседателот на земјата Серж Саргасјан не извлече поука од украинскиот Мајдан и не извлече соодветни заклучоци“, изјави Морозов за РИА „Новости“.

Тој истакна дека сегашните настани во Ерменија „до детаљ“ ја повторуваат првата фаза од државниот преврат во Украина. „И тогаш украинската опозиција одби средба со претседателот Виктор Јанукович и почна да апелира до европската заедница, и тогаш пред оние што митингуваа почнаа да настапуваа политичари кои доаѓаа од Европа“, потсети Морозов.

Според неговите зборови, тогаш било очигледно како со тоа сценарио управува амбасадата на САД во Киев.

„Американската амбасада во Ерменија исто така активно учествува во сегашните настани во Ереван. Притоа треба да се истакне дека дипломатското претставништво на САД во Ерменија е едно од најголемите претставништва на САД во странство, по бројот на вработени тоа е на второ место по дипломатското претставништво на САД во Ирак, иако Ерменија е многу мала земја“, рече Морозов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.