Сочи
saiko3p/Getty ImagesСочи дефинитивно ќе се најде на секоја листа на најатрактивните руски градови. И за летен, и за зимски туризам. Тука е навистина убаво во секое време од годината. Блага клима, море, наоколу планини и многу активности за сечиј вкус: од дискотеки за млади до санаториуми за лекување и закрепнување.
Јарослав
JackF/Getty ImagesСрцето на „Златниот прстен“ на Русија, град стар над илјада години! Стариот центар на Јарослав е на списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО.
Самара
iunewind/Getty ImagesКејот на брегот на реката Волга во Самара е долг преку 4 километри и е пријатно место за пешачење и рекреација. Покрај тоа, Самара има метро, таен бункер и најстарата пивница во Русија.
Јошкар Ола
JackF/Getty ImagesГрадот е делумно инспириран од европската архитектура. Станбени згради во холандски стил, плоштад во венецијански. А Спаската кула како во Москва.
Нижни Новгород
Evgeniy Romanov/Getty ImagesКако прво, ова е стар руски град со тврдина. Второ, ова е родното место на автомобилите ГАЗ. И трето, тој е главен град на зајдисонцата. Ако тоа не е доволно, тука се и Чкаловските скалила, меѓу најдолгите во Русија, со 560 скали
Велики Новгород
Vladislav Zolotov/Getty ImagesВелики Новгород во Средниот век поседувал големи територии на север и бил ривал на Москва за позицијата главен град. Пресудните настани од историјата на земјата нашле свој одраз на споменикот Милениум на Русија, подигнат во 1862 година.
Перм
Донат Сорокин/TASSКултурна престолнина на Урал. Тука е куќата-музеј на Сергеј Дјагилев, кој на светот му го откри рускиот балет. Како и театарот за опера и балет „Петар Чајковски“. Тоа е единствениот театар во Русија каде се изведени сите негови десет опери и три балети. А тука е и кејот на реката Кама со познатата порака „Среќата не е преку ридот“.
Екатеринбург
Dmitry Potashkin/Getty ImagesУралските облакодери и советскиот конструктивизам во едно пакување. Екатеринбург го има и единственото метро на Урал.
Дербент
Валерий Шарифулин/TASSЕден од најстарите градови во Русија и светот, Дербент, постои од VI век п.н.е. Во тоа време биле удрени темелите на дербентската тврдина Нарин-кала. Џума-џамијата, изградена во 734 година, е најстарата во Русија.
Салехард
Павел КузьмичевКрајниот Север: згради со светли бои, поларна светлина, топли автобуски станици. Салехард е единствениот град во светот кој се наоѓа токму на Арктичкиот круг. А ако сакате уште посеверен колорит, посетете го на Денот на гоничите на ирвасите, кога на ова место се собираат од цел Јамал.
Иволгинскиот дацан во близина на Улан Уде
saiko3p/Getty ImagesУлан Уде не е само главен град на Бурјатија, туку и центар на рускиот будизам. Овде треба да дојдете за да видите прекрасни дацани, да ја запознаете бурјатската кујна (со познатото јадење „бузи“) и обичаите.
Исиах
Андрей СорокинНајголемиот град на светот сместен во областа на вечниот снег и мраз. Во зима температурите достигнуваат и до -50, а во лето овде со стил се слави Новата година – Исиах. Тоа е фестивал на традиционална музика, танци и разновидна забава.
Тула
Leonid Andronov/Getty ImagesСамоварите, медените колачиња, старата тврдина и оклопот ќе им ги оставиме на љубителите на историјата. Покрај сето тоа, овде може да се видат јавни простори создадени со преуредување на стари фабрики, фотогеничниот казански кеј и пешачката „Улица на металците“, каде животот не запира ниту дење ниту ноќе.
Владикавказ
Эрик Романенко/TASSОсетински пити, и со тоа е кажано сé. Владикавказ е градот во кој ќе научите да разликувате фидџин од уалибах. А каков само поглед се протега на планината Столоваја од центарот на градот!
Кисловодск
Алексей Даничев/SputnikОмилената бања на класиците на руската литература е позната по своите извори кои не ги изгубиле своите лековити својства. Најголемата гордост на Кисловодск е огромниот градски парк.
Калининград
Andrey Danilovich/Getty ImagesКатче на стара Европа во Русија, татковината на филозофот Имануел Кант. Автентичниот германски стил сè уште може да се види овде-онде, заобиколувајќи ја сета стилизирана новоградба, додека на некои места Калининград наликува на типичен советски град.
Владивосток
saiko3p/Getty ImagesГрад на мостови, светилници и ридови со видиковци. Крајна станица на Транссибирската железничка магистрала. Препознатлива карактеристика на овој град се епските мостови над заливот Златен Рог и до островот Руски. Затоа странците го споредуваат со Сан Франциско.
Ростов на Дон
Эрик Романенко/TASSГолем и убав јужен град на Русија, каде што можете да прошетате по бреговите на Дон, да дознаете за историјата на Козаците и за ручек да се почестите со рибја чорба и донски ракови.
Казан
benedek/Getty ImagesТврдината од бел камен, кривата кула Сјујумбике, мотиви на источните бајки во метрото. И запомнете: никој сè уште не си отишол од Казан без да проба чак-чак.
Краснојарск
Vera Tikhonova/Getty ImagesИ во самиот град можете да ја доживеете величественоста на сибирската природа. Посетете го островот Татишев и запознајте ги слатките арктички верверички, прошетајте по пешачкиот мост преку Енисеј, но најдобро од сè: посетете го националниот парк Краснојарски столбови. Паркот се состои од 48 илјади хектари тајга и стари карпи, но еден негов дел можете да посетите и во градот.
Томск
Кирилл Кухмарь/TASSЕден од најстарите градови во Сибир, основан во 1604 година. Во градот се зачувани многу дрвени градби од минатиот век. Доколку ве интересираат куќи украсени со „дрвена чипка“, ова е вистинското место за вас.
Новосибирск
Zastavkin/Getty ImagesГолем руски град и единствен со метро во Сибир. Го има Академскиот град (Академгородок), советски град на научници скриен во шумата. Тука е единствената зоолошка градина во светот каде одблизу можете да видите голем број Паласови мачки, мистериозни и вечно незадоволни пуфкасти суштества.
Мурманск
Лев Федосеев/TASSНајголемиот арктички град на светот! Во Мурманск живеат околу 270 илјади луѓе. Во центарот на градот долж брегот е вкотвен вистински нуклеарен мразокршач „Ленин“, сега музеј. А на периферијата можете да видите фантастични мурали на фасадите на зградите со приказ на јунаци од лапонските бајки.
Тоболск
Tuul & Bruno Morandi/Getty ImagesГрадот изгледа како бајка: тврдина од бел камен (единствената во Сибир), улици поплочени во европски стил, пријатни кафетерии и неоготска катедрала. И сето тоа среде непрегледни шуми, далеку од големите патишта.
Севастопол
Алексей Мальгавко/SputnikТука се наоѓа базата на Црноморската флота и големото пристаниште. На територијата на современиот Севастопол има и остатоци од антички Херсонес, основан во 5 век п.н.е.
Суздал
Legion MediaСè што е типично руско може да се најде на едно место во овој град на Златниот прстен. Дрвени куќи, голем број цркви, традиционална руска кујна и продавници со облека и предмети за домаќинството во ретро руски стил.
Вологда
bbsferrari/Getty ImagesГлавниот град на рускиот север, Вологда е познат по тврдината од бел камен од XVI век, дрвените куќи со резбани прозорски рамки, икони и чипка. Како и по старите занаети.
Архангелск
Павел Львов/SputnikСé до изградбата на Санкт Петербург, Архангелск бил за Русија комерцијален и културен „прозорец кон Европа“. Во централните улици се зачувани стари трговски дрвени куќи. Има и модерни ресторани каде се подготвуваат традиционалните јадења на Поморите во современа интерпретација.
А на брегот на реката Двина можете да го прочитате „одговорот“ за Перм: „Среќата не е преку морето“.
Санкт Петербург
Westend61Повеќе од двесте години Санкт Петербург, основан од Петар I, бил престолнина на Руската империја. Овде живееле писатели, сликари, композитори од XVIII-XIX век, а градот и ден-денес се нарекува културна престолнина на Русија. Каде на друго место би можеле да најдете толку многу дворци, музеи и архитектонски ремек-дела на едно место?
Москва
Mordolff/Getty ImagesГлавниот град на Русија е град кој мора да го посетите барем еднаш во животот. Овде можете да видите архитектура од сосема различни епохи, од Стара Русија до современи денови. А тука се најубавото метро, најнеобичните солитери и ресторани со јадења од целиот свет!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче