Кривата кула во Пиза, Италија – Сјујумбикината кула на Казанскиот кремљ, Татарстан, Русија
Russia Beyond (Photo: Legion Media)Ова е Сјујумбикината кула во Казан, главниот град на руската република Татарстан. Нејзиниот врв е навален два метри настрана, додека врвот на кулата во Пиза е наведнат 3,9 метри, а нивната висина е иста - 58 метри. Наклонот на оваа кула не е толку изразен како наклонот на нејзината „сестра по несреќа“ во Италија (има ли воопшто некоја друга кула на светот со толкав наклон?!), но и тоа е доволно за да направите фотографија на која едната рака ќе ја поставите како да ја задржувате кулата да не падне!
Снимка на Казанскиот кремљ од хеликоптер со црквата „Благовештение“, Сјујумбикината куча и џамијата „Кул-Шариф“.
EXTREME-PHOTOGRAPHER/Getty ImagesНе е познато кога била изградена кулата, а истражувачите имаат различни објаснувања за нејзиниот наклон. Темелот на Сјујумбикината кула веќе со векови е зацврстен со дабови шипки набиени во земјата. Веројатно кулата е навалена на страната каде што дрвениот темел е подлабоко потонат во земјата.
Сјујумбикина кула, Казански кремљ, Татарстан, Русија.
Legion MediaСјујумбиакината кула е всушност стражарска кула направена од тули, со капија. Се наоѓа во центарот на Казанскиот кремљ. Од него можел да се види целиот град. Историчарите не знаат точно која година била изградена кулата. За прв пат се споменува во 1703 година, и токму поради тој факт постојат неколку легенди посветени на нејзиниот настанок.
Во 1552 година Иван Грозни го припоил муслиманскиот Казански канат на Русија (а по повод тој голем настан бил изграден познатиот храм „Василиј Блажени во Москва). По заземањето на градот Казан во 1552 година, рускиот цар наредил да се урне кановата џамија и на нејзино место да се изгради православен храм.
Старите Татари ја викале таа кула „каново минаре“. Според една легенда, кулата настанала со преуредување на минарето на таа џамија, изградена по наредба на татарскта владетелка Сујумбике од Казан во спомен на нејзиниот сопруг, канот Сафа-Гиреј (и поради тоа сега се нарекува Сјујумбикина кула).
Но, постои и легенда според која кулата била изградена по наредба на Иван Грозни по освојувањето на Казан (можеби токму со цел да ѝ остави впечаток на Сјујумбике), и дека кулата има седум ката, симболизирајќи ги седумте денови колку што траела нејзината изградба... Навистина звучи како легенда, но шаторестата конструкција (пирамида) навистина наликува на конструкциите на руските храмови изградени во XVI и XVII век.
Повеќето современи историчари сметаат дека кулата била изградена на крајот на XVII и почетокот на XVIII век како стражарница од која се набљудувал непријателот или бунтовниците кои можеле да го загрозат градот.
Сјујумбикината кула на гравура на Е. Турнерели од почетокот на ХХ век.
Public domainДенес Сјујумбикината кула е еден од препознатливите симболи на Казан. Архитектот Алексеј Шчусев ја одрази неговата силуета при проектирањето на Казанската железничка во Москва.
Историјата на шилецот на оваа кула покажува колкава важност како симбол има за овој град. На врвот на кулата во 1730 година бил поставен двоглав орел, официјалниот симбол на Руската империја. Меѓутоа, во раниот советски период, на негово место била поставена полумесечина, а кулата свечено ѝ била вратена на муслиманската заедница на Казан како споменик на национално, историско и културно наследство. Во текот на 1930-тите била интензивирана антирелигиската кампања, така што полумесечината била отстранета, но по распадот на СССР повторно беше вратена.
Сјујумбикината кула и камбанаријата на црквата „Благовештение“. Фотографија направена пред 1914 г.
Public domainВо исто време, во текот на 1990-тите, во Казанскиот кремљ беше реконструирана легендарната канова џамија, која била урната по наредба на Иван Грозни. Џамијата „Кул-Шариф“ сега е исто така популарен симбол на Казан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче