Пазарот на пристаништето во Архангелск. 1896, Константин Коровин
Третјаковска галерија / Public domainДенес Русија ја заплиснуваат 13 мориња, меѓутоа, тоа не било секогаш така. Во 16 век земјата излегувала само на Северниот леден океан и се борела со сите сили да се позиционира на Балтикот. Во такви услови не било лесно да се води трговија со Западна Европа, која била толку неопходна за развојот на државата.
Северен леден океан. Мурманск. 1913, Константин Коровин
Киевски национален музеј на руска уметност, Украина/ Public domainЗа време на Ливонската војна 1581 година, шведската армија го зазела Нарва, единственото големо руско пристаниште на балтичкиот брег. На Иван IV не му преостанувало ништо друго освен да го развива северниот правец. Англиските трговци во тоа време веќе го расчистиле патот до руските населби на брегот на Белото Море, меѓутоа за ефикасна трговија имало многу малку помали локални пристаништа, а големо пристаниште било навистина неопходно.
Во заливот Кандалакша (Бело море). 1896, Александар Борисов
Третјаковска галерија/Public domainНа 4 март 1583 година царот наредил покрај Михајловско-Архангелскиот манастир, кој се наоѓал на устието на Северна Двина, на 30 километри од Белото Море, да се изгради град. Следната година овде никнала тврдината Нови Холмогори, од 17 век позната како Архангелск. Францускиот трговец Жан Соваж се восхитувал на вештината на изградба на дрвена тврдина, без употреба на шајки и клинови, само со помош на секира, забележувајќи дека ни највештиот столар не би можел да направи ништо подобро.
Михаило-Архангелски манастир, 1900 / Ја.И. Леjцингер
Public domainАрхангелск се развивал брзо и незапирливо, било изградено големо пристаниште, трговски центри за странските трговци, анови. Англичаните, Холанѓаните и други странци доаѓале со волнени ткаенини, кадифе, тантела, вино, скапоцени камења, барут и топови, заминувајќи со пченица, свинско месо, сланина, куни, смола и друга стока. Практично целокупната руска трговија со западните земји во тоа време се одвивала преку овој северен град.
Пазарот на пристаништето во Архангелск. 1896, Константин Коровин
Третјаковска галерија/Public domainПетар Велики го посетил Архангелск во 1693 година и бил импресиониран од она што го видел. Големиот број и разновидноста на странски бродови го импресионирале младиот цар. По негова наредба во градот било основано Соломбалското бродоградилиште во кое, меѓу другото, била создавана и руската воена и трговска флота. На самиот почеток на Северната војна против Шведска, поточно на 25 јуни 1701 година, непријателот се обидел да го заземе градот, но бил поразен кај Новодвинската тврдина, која ги штитела приодите кон градот. Тоа била првата голема победа на руската војска во таа војна.
На почетокот на своето владеење Петар Велики направил многу за развојот на Аргангелск, но и на крај тој бил виновен за згаснувањето на овој центар на руската трговија. Кога во војната станал забележлив решавачкиот пресврт во корист на Русија, царот со своите укази свесно почнал да ја пренасочува трговијата од Архангелск во Санкт Петербург, основан 1703 година. Во 1718 година само една третина од извозот одела преку северното пристаниште, а по завршувањето на борбените дејствија „градот на Нева“ практично ја држел целата трговија со западните држави во свои раце.
Архангелското пристаниште на Двина. 1894, Константин Коровин
Тулски регионален уметнички музеј/Public domainЗа време на владеењето на Екатерина II, Архангелск веќе правел проблеми за развојот на Санкт Петербург, а царицата ги укинала ограничувањата воведени од Петар Велики. Сепак, градот не успеал да ги врати претходно стекнатите позиции и заостанувал зад главниот град на империјата, како и зад Рига и Ревел (Талин). Старото пристаниште продолжило да ги губи своите позиции со основањето на брегот на Баренцовото море на пристаништето Мурманск, кое не замрзнувало.
А. И. Попов. Архангелск. Рано утро. Јарославл. 1973.
Балабанов/SputnikСепак, кога Првата и Втората светска војна создадоа големи проблеми за пловидба во Балтичкото и Црното море, Архангелск стана вистинска сламка на спасот. Од ова место до пристаништата на сојузничките земји се транспортираа пченица, дрво и други суровини, а од спротивен правец пристигнуваше оружје и муниција. Првиот сојузнички арктички конвој со стратешкиот товар „Дервиш“ пристигна на 31 август 1941 година токму во Аргангелск.
Поглед на градот Архангелск. Дек од насипот со црквата „Св. Троица“. Слика на рускиот уметник В. Гаљанин. 1826
Public domainАрхангелск долго време не е главно поморско пристаниште на Русија и повеќе не служи како „северна порта“ на земјата, препуштајќи му ја таа чест на Мурманск. Сепак, во една сфера тој ги задржа своите позиции. Имено, како и во XVIII век, така и во наше време, градот игра важна улога во организирањето на научно-истражувачките експедиции за проучување на Арктикот.
Поморско-речна станица во Архангелск. Во позадина е Михаило-Архангелскиот храм, лево е мразокршачот „Диксон”.
Владимир Трефилов/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче