Главната атракција на истоимениот национален парк се карпите од сиените, формирани за време на ладењето на магмата. На територијата на националниот парк има 189 карпи и карпести формации од овој тип. Некои според своите контури потсетуваат на силуети на џинови и митски суштества.
Во 1851 година овде се родило локалното движење „столбизам“. Го сочинувале алпинисти и планинари кои сакале да се искачуваат по локалните карпи без безбедносна опрема.
Карпите на националниот парк „Ленски столбови“ најдобро се видливи од реката Лена. Пред гледачот се пружа поглед на бедеми од карпи кои се протегаат на многу километри.
Карпите се направени од варовник од камбриската ера. Необичниот облик го добиле под влијание на ветрот. Висината на столбовите е 320 метри над морското ниво.
Мањпупуњор на мансиски јазик значи „мала планина на идоли“. Овој географски споменик се наоѓа во Печоро-Иличкиот природен резерват. Станува збор за седум столбови формирани под влијание на ветрот кои достигнуваат висина од 42 метри.
Порано тоа биле планини, но под влијание на временските услови помеките делови на карпите биле уништени и останале само централните делови од серицит и кварцит. Овие карпи, кои наликуваат на животински глави, на превртено шише или на човечки профил, биле предмет на култот на народот Манси. Затоа припадниците на овој народ го доживувале качувањето по овие карпи како сквернавење.
Најдолгата камена река во светот се наоѓа во националниот парк Тагањ во Чељабинската област. Долга е 6 километри и широка 700 метри. Овој природен феномен се јавува на места со големи стрмни падини, каде што камењата полека се лизгаат по падините, формирајќи „корито“. Според некои толкувања, камените реки „потекле“ од планините во леденото доба, кога глечерите почнале да се топат.
Куруми може да се видат на Урал (во Чељабинската област, Пермскиот крај и Башкирија) и на Сајанските планини во Јужен Сибир. Многу од нив се наоѓаат на тешко достапни места меѓу планините во тајгата.
Подетално за курумите овде: Низ Русија течат реки кои не се од вода, туку од камен! Дали сте виделе нешто такво во вашиот живот?
Седовите се огромни камења „со нозе“, т.е лежат на помали камења. Според широко распространето мислење, овие необични објекти се од природно потекло. Настанале така што глечерот при топењето полека „спуштал“ голема карпа на помала потпора. Меѓутоа, некои од нив – оние минијатурните - можат да бидат и дело на човечка рака.
Овие објекти, кои народот Сами (Лапонци) ги смета за свети, се наоѓаат во Карелија и на полуостровот Кола. Меѓу најпознатите се сејдите на карпестиот масив Ватовара во Карелија.
Овие голи шупликави карпи на Камчатка однадвор личат на исправени дрвени чамци на Ителмените наречени „бати“, од кои и го добиле своето име. Високи се 110 метри. Нивната површина е формирана пред 8 илјади години, а во изминатите 5-6 илјади години стојат во непроменета форма.
Рускиот географ од XVIII век Степан Крашениников запишал локална легенда за ова место: „Според преданието, во овој крај богат со риби живеел богот Кутх. Во своите чамци (бати) тој излегувал на езерото да лови риба. Напуштајќи го ова место еднаш засекогаш, Кутх ги оставил чамците да се сушат и тие се скамениле“.
Овие топки се наоѓаат на островот Чамп во архипелагот Земјата на Франц Јозеф на Арктикот. Нивниот дијаметар се движи од 2 см до неколку метри. Постојат неколку варијанти на објаснувањето зошто овие камења се толку мазни и тркалезни.
Камени топки може да се видат и на Крим, во Казахстан, САД и Нов Зеланд.
Во планините на Алтај, на местото наречено Аракум, „растат“ камени печурки наречени „куруми“ (исто како и камените реки). Оваа необична конструкција настанала благодарение на тоа што минералот од кој се направени „клобуците“ е поцврст од материјалот од кој се направени „дршките“ и е помалку подложен на влијанието на ветрот. Печурките се високи до 7 метри, додека дијаметарот на нивната „шапка“ достигнува 2 метри.
Со текот на времето, поради ветровите, дождовите и промените во температурата, некои печурки се распаѓаат и нивните клобуци се рушат. Но, се појавуваат и нови така што под влијание на ветерот нивната „дршка“ станува сé потенка и потенка.
Оваа планина со необичен облик се наоѓа во околината на Кисловодск, во Ставрополскиот крај. Во песочничката карпа има отвор со пречник од 8-9 метри, настанат поради влијанието на ветрот и ерозијата.
„Прстенот“ не е единствената препознатлива карактеристика на оваа планина. Во неа има дури десет овални пештери со различна големина поради кои таа потсетува на вистински пештерски град.
Карпите Тузлух се наоѓаат во близина на селото Малореченское во околината на градот Алушта. Направени се од кварцен песочник. Голем број на пештери и шуплини во неа биле формирани од брановите и бурните ветрови. Поради формата и бојата го добиле името „Сирењести“. Оваа убавина не може да се види од далечина, туку човек мора да се спушти до самиот брег.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче