Десет едноставни начини да ја запознаете Русија од својата фотелја

Александар Крјажев/Sputnik, Всеволод Пуља
Сега не може да се патува, но можете да ја запознаете нашата голема земја онлајн. Ќе ви дадеме неколку вредни совети.

1. Прочитајте ја „Војна и мир“

„Војна и мир“

Доколку досега не сте имале можност да го прочитате овој роман во четири тома, сега е вистинско време за тоа! Тој ќе ве пренесе од здодевната изолација во фасцинантната атмосфера на 19 век во Русија, на дворските балови со познати гости, во животните приказни на благородничките семејства, во вистинската љубов, во војната против Наполеон... Ќе видите сцени на подвизи, на предавство, и секако, на смрт. Ќе уживате во дејствието кое интригира и ќе потонете во филозофските размислувања на Толстој за човековата природа и за смислата на животот. На крајот на краиштата, тоа е класичен пример на големата руска книжевност со која се гордееме.

Прочитајте исто така: Десет најпознати ликови од руската литература

2. Погледнете го филмот на Андреј Тарковски „Огледало“

„Огледало“

Наследството на режисерот Андреј Тарковски спаѓа во златната архива на руската кинематографија. Неговите остварувања се номинирани за десетици меѓународни награди и се наоѓаат на сите можни списоци со филмови кои треба да се гледаат. Забавените сцени на режисерот и епските пејзажи, големите пространства и полињата се одраз на животот во Русија, исто така забавен и сталожен. Од друга страна, Тарковски ја прикажува и познатата руска „тоска“, чувство кое тешко се преведува на други јазици. Тоа е душевна тешкотија слична на депресија која странците не можат лесно да ја сфатат. Дејствието на седумте филмови на режисерот може да се одигрува во секое време и во секој свет, но секогаш е исклучително актуелно и говори практично сè за сегашниот живот во Русија.

3. Гледајте го балетот „Лебедово езеро“

Танцот на четирите лебеди веројатно е најпрепознатлив дел од познатиот балет на Петар Чајковски „Лебедово езеро“. Овој балет е еден од најпопуларните во Русија и често се поставува на сцена. Неверојатната кореографија, сценографија и извонредната музика преку сервисот Јутјуб им се достапни на гледачите во целиот свет дури и за време на самоизолација. Следете ја програмата со распоредот на онлајн-преносите во Бољшој и во Мариински театар, или погледнете ја интегралната верзија на програмата „Кремљски балет“.

4. Научете како на руски се вели „здраво“

Рускиот јазик е тежок и претставува предизвик, но постојат многу начини тој бесплатно да се научи. Тоа е можно доколку имате желба и слободно време, Ако ништо друго, можете да научите неколку наједноставни зборови и фрази, па со нив во некоја пригода да ги изненадите пријателите. 

Може да ви биде итересно: Десет руски збора кои е тешко да се преведат на македонски

5. Погледнете го најголемиот подземен музеј

Станицата „Славјански буљвар“ на московското метро

Возењето со метро е (или тоа барем беше) рутински секојдневие на милиони московјани, но и за туристите тоа е несекојдневна колекција на убавина. Погледнете ги овие фантастични мозаици и скулптури, и тргнете на виртуелна екскурзија низ 20 најубави станици кои за вас ги избра порталот Russia Beyond.

6. Патување по езерото Бајкал со порталот Russia Beyond

Зимски декорации на Бајкал

Русија не е позната само по Москва и по Санкт Петербург, ами и по неповторливата природа. Едно од најголемите нејзини чуда на природата е Бајкал – најдлабокото езеро на планетата. Тоа е неверојатно живописно, што можете и самите да го видите во мошне интересниот филм на порталот Russia Beyond посветен на Бајкалското езеро. 

7. Откријте ги новите впечатоци, разгледувајќи ги уникатните дрвени храмови во руски стил

„Мали Корели“, најголемата колекција на руска дрвена архитектура 16-19 век на светот.

Рускиот север е познат по својата дрвена архитектура. Нема да верувате, но некои градби се направени без ниту еден клинец, и сè уште се во одлична состојба!

Во Русија постои уште едно место преполно со древни храмови направени главно од камен. Тоа е туристичката рута „Златен прстен“, оддалечена 250 километри од Москва. Градовите во кои владее старинска атмосфера ќе ве восхити со своите златни куполи и живописните манастири, па своето следно патување во Русија ќе испланирате задолжително да го посетите и ова место.

8. Обидете се самите да направите боршч

Боршч, популарно руско и украинско јадење со цвекло

Секоја руска домаќинка и секој главен готвач во руски ресторан има свој рецепт и сопствена мала тајна за подготвување на ова популарно чорбесто јадење. За да го направите купете цвекло и вооружете се со трпение!

9. Научете како се пие вотка

Многумина странци кога ќе дојдат во Русија, сакаат да пробаат вистинска вотка, зашто онаа течност која се продава во нивните земји како вотка всушност нема ништо заедничко со нашата руска вотка. Освен називот, секако. Научете ги главните здравици за да оставите што посилен впечаток на своите онлајн-пријатели за време на дегустацијата.

Внимавајте на ужасните руски обичаи!

10. Играјте на песните на руските поп-музичари е Little Big.

Нејзините неописливо интересни видеоклипови и песните на Јутјуб имаат милиони преглед. Оваа година требаше да настапуваат на Евровизија, но во оваа ситуација можеме да уживаме во нивните вибрации само преку Интернет. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња