Сепак не велиме „на здаровје“ кога пиеме: 20 нешта кои докажуваат дека сте вистински Русин

Legion Media
Ова е чек-листа која покажува дека сте 100% Русин. Погледнете ја!

1. Ако на прашањата за омилен поет и за омилено овошје без размислување одговорите: „Пушкин“ и „јаболко“.

2. Ако вечерата секогаш ја завршувате со шолја чај и нешто слатко.

3. Ако ги собувате чевлите кога ќе влезете во својата или во некоја друга куќа и ако дома носите исклучиво домашна облека (се згрозувате од помислата дека на својот кревет можете да седнете во облека што сте ја носеле на улица).

4. Никогаш не велите „на здаровје“, ами кажувате здравица (велите или „за здаровје“ или, уште поарно, импровизирате цел емотивен говор).

5. Кога сте далеку од Русија во недостасуваат брезите (а, еве зошто).

6. Кога ќе чуете хармоника, автоматски почнувате да играте.

7. Своите пријатели ги делите на најдобри пријатели, блиски пријатели, другари, познаници и пајташи.

8. Секогаш го правите она што ќе ви каже баба ви и јадете сè што таа ќе ви каже.

9. Суеверни сте: се плашите од црни мачки, кусо седнувате пред поаѓање на секое патување и трипати плукате преку левото рамо за да избегнете несреќа.

10. Ако сте машко, го прифаќате фактот дека жената е посилно и понезависно суштество, но сфаќате дека им е потребна мала помош во отворање врата или во плаќање сметка во ресторан. Ако сте жена, сфаќате дека патот до машкото срце води преку стомакот.

11. Знаете напамет најмалку пет песни.

12. Барем еднаш во животот сте береле печурки и бобинки в шума.

13. Го славите Денот на победата на 9 мај и тој ден плачете, гледајќи филмови за Втората светска војна.

14. Горди сте на воената слава на својата земја, а особено на нејзините победи.

15. Сè околу себе сакате да споредите со ситуацијата во Америка.

16. Често ја критикувате власта, но пред странци ги правдате нејзините одлуки.

17. Не сте ја прочитале „Војна и мир“ од Лев Толстој (во најдобар случај сте ги прескокнувале или воените делови, или деловите за мирот, во зависност дали сте машко или женско).

18. Имате поговорка за секоја животна ситуација (И верувате дека изговорениот збор не е врапче. Кога ќе одлета, не можете повеќе да го вратите).

19. Не можете да го замислите почетокот на мај без скара.

20. Не мислите дека Русите се нељубезни или непријателски расположени, но сепак својата насмевка ја чувате за најблиските.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња