Рускиот портал LIFE се позанимава со разбивање на „најзакоравените“ митови за вотката кои важеа за неприкосновена вистина.
Споменик на Дмитриј Менделеев
Global Look PressТоа, всушност, не е точно. И покрај тоа што митот дека креаторот на периодниот систем на хемиските елементи исто така ја измислил и вотката „Столичнаја “ е многу силен. Менделеев само ја одбранил својата докторска дисертација под наслов „За соединенијата на алкохол и вода“, но во неа се зборувало за јачина од 46 степени.
Освен тоа, вотката од 40 степени се појавила во Руската империја во 1843 година кога хемичарот имал само девет години. Вотката првпат се споменува во 1503 година. Монасите во Кремљ ја добивале со дестилација од зрна на житарки.
Никако. Постојат прехранбени производи што во никој случај не треба да бидат закуска за вотка. А киселите краставички се на прво место. Оцетна киселина ќе ве потсети на вашето постоење со силен мамурлак. Ниту овошјето, слатката, лутата храна, мрсното месо и доматите не се добар избор за закуска. Во комбинација со вотка тие се штетни за вашиот организам бидејќи прекумерно ќе го оптовари, предизвикувајќи утрински мамурлак. За оваа намена е многу подобро да мезите добра кисела зелка и компири бидејќи содржат витамин Ц и скроб.
Вотката, како и секој друг алкохолен пијалок, е депресант. Пијалакот произведува во организмот сериозен, депресивен ефект. Бавноста, тажните мисли, стутканото лице по пијанството, сè е производ на тоа. На организмот му се потребни неколку дена да се опорави по пијанчење.
Чашка вотка од 30 до 40 милилитри, но само една, како што напомнуваат лекарите, е во состојба да го подигне организмот енергетски и да ја отстрани напнатоста. Меѓутоа, никој не запира на една чашка. Затоа денот на вотка е далеку покорисен за одбележување со чај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче