Видео: Руски мразокршач спаси група туристи од неволја

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Истражувачите ги затекна лошото време и тие се обратија за помош до бродот.

Експедицијата на RGO Expo патуваше со камиони по мразот од градот Норилск до Диксон – најсеверната населба во Русија.

На враќање поради силната веавица групата помина само шест, наместо планираните 750 километри.

По истата патека пловеше и рускиот мразокршач „Тајмир“, до кого тие се обратија за помош и го чекаа во шатор.

Екипажот на мразокршачот со задоволство се одзва на повикот, ги прими неочекуваните гости на својот брод и им понуди да се сместат во бродските кабини.

Прочитајте повеќе за најмоќниот мразокршач на светот