На 22 септември Русија го спушти во вода најмоќниот мразокршач на светот – „Сибир“. Ова е вториот мразокршач од класата ЛК-60Ја, додека првиот – „Арктик“ – заплови 2016 година. Третиот брод, „Урал“, во моментов е на производствената линија.
Мразокршачот е долг 173,3 метри и широк 34 метри, што го прави најголем на планетата. Посадата брои 34 члена.
Бродот ќе биде опремен со два мотора на атомски погон РИТМ-200, кои ќе се полнат со гориво еднаш на седум години. Атомскиот погон од новата генерација ќе биде инсталиран и на рускиот носач на авиони Проект 23000Е.
Бродот е во состојба да крши мраз дебел 2,8 метри. Посебната испакнатина на предниот дел на трупот, позната како „леден заб“, спречува бродот да се заглави во мразот.
Мразокршачот „Арктик“
Никита Грејдин /RIA NovostiМразокршачот може да оперира и во водите на Арктикот, и во устијата на поларните реки. Со полнење на резервоарите за баласт со вода бродот се стабилизира на само два метри вода и така станува тежок мразокршач. Во устието на реката бродот ја испушта водата за баласт и дејствува како мразокршач со ограничена длабочина на пловење.
Мразокршачот „Капетан Драницин“
Артјом Геодакјан /TASSСо изградбата на масивни мразокршачи како „Сибир“ и „Арктик“, Русија за возврат го развива Северниот морски пат, за кој стручњаците велат дека би можел да сочинува 20% од трговијата меѓу Европа и Азија и да стане конкуренција на Суецкиот канал, затоа што е многу пократок.
Мразокршачот „50 лет Победи“ (50 години од Победата)
Лав Феодосеев /TASSВладимир Путин ја пофали важноста на мразокршачот „Сибир“. Според него, тој ќе помогне во јакнењето на руската нуклеарна флота и статусот на земјата како голема поморска сила.
Русија нема намера да се потпира на ловориките. Предвидени се уште мразокршачи од класата „Лидер“. Тие бродови ќе бидат поголеми, подолги и пошироки од „Сибир“, ќе предводат други пловила кршејќи мраз дебел дури четири метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче