Руски мразокршач постави рекорд во пловидба до Северниот пол

Поглед од хеликоптер на нуклеарниот мразокршач „50 години од Победата“.

Поглед од хеликоптер на нуклеарниот мразокршач „50 години од Победата“.

Владимир Астапкович/РИА „Новости“
Нуклеарниот мразокршач „50 години од Победата“ постави рекорд на маршрутата Мурманск-Северен пол, минувајќи го за 79 часа.

Како што соопшти директорот на бродска пловидба на „Атомфлот“ Андреј Смирнов, тоа е двапати побрзо од пловидбата на нуклеарниот мрзокршач „Арктика“ во 1977 година, кога првпат еден брод стигна до Северниот пол.

Мразокршачот на нуклеарен погон „50 години од Победата“  пристигна на Северниот пол во 02:33 по московско време на 17 август 2017, во чест на 40-годишнината од првото пристигнување на нуклеарниот мразокршач „Арктика“ на Северниот пол во 1977 година. Пловидбата беше реализирана во рекордно време од 79 часа, тргнувајќи од пристаништето на ФГУП „Атомфлот“, ги пренесува „Взгљад“ зборовите на Смирнов.

Претходно беше соопштено дека во ЦКБ „Ајсберг“ (Санкт Петербург) се проектирани три нуклеарни мразокршачи со погон од 60 МВт за да се обезбеди транзит на товар по Северниот поморски пат во текот на целата година. Истите ќе бидат спуштени во вода до 2020 година.

Исто така, „Росатом“ почна со изградба на универзален нуклеарен мразокршач од нова класа, кој ќе биде најголемиот и најмоќниот во светот. Тој ќе биде во можност да спроведува на Арктикот танкери со зафатнина до 70 илјади тони, кршејќи три метри дебел мраз. А до 2030 година Воената морнарица на Русија ќе биде пополнета со околу 30 нуклеарни и дизел-електрични мразокршачи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња