Допинг-војна: WADA го разобличува рускиот спорт

РИА Новости / Рамиљ Ситдиков
„Руска реч на македонски“ се обидува да дознае за што ја обвинуваат Русија и што го очекува рускиот спорт.

Како се случи?

Светската антидопинг агенција (WADA) на 9 ноември ги претстави својот извештај посветен на проблемот со допинг во Русија. Тој е подготвен од страна на специјална комисија на чие чело се наоѓа Дик Паунд, а истрагата траеше 11 месеци. Во извештајот се тврди дека во Русија долго време постоел систем на сокривање на допингуваните спортисти во лесна атлетика. WADA бара за руските спортисти и за функционерите строги казни.

Како започна?

Во декември 2014 година телевизискиот канал ARD прикажа документарен филм во кој се говореше за систематската примнеа на допинг во руската лесна атлетика. Во врска со ова Светската антидопинг агенција (WADA) започна сопствена истрага,

Руската антидопинг агенција (РУСАДА), од своја страна исто така изврши истрага според која во јануари 2014 година беше дисквалификувана цела група спортисти од лесната атлетика, меѓу кои речиси и сите од екипата по спортско одење.

На почетокот на ноември беше уапсен Сенегалецот Ламин Дијак, кој беше претседател на IAAF во периодот од 1999 до 2015 година. Тој се осомничи за примање мито од ВФЛА за криење на допингот на руските спортисти.

За што ја обвинуваат Русија?

Главното обвинение е за московската антидопинг лабораторија, која, како што се вели во извештајот на WADA, се занимавала со фалсификување на допинг-тестовите на руските спортисти, особено на оние од лесната атлетика. Повикувајќи се на анонимни извори кај спортистите, првиот човек на антидопинг лабораторијата Григориј Родченков уништил 1.417 допинг-тестови. Откако IAAF и РУСАДА „замижаа“ на Олимпијадата во Лондон беа допуштени спортисти кои употребуваат допинг.

Освен тоа, WADA истакнува дека во прикривањето на позитивните допинг-тестови учествувале и руските специјални служби: Федералната служба за безбедност наводно поставила свои агенти во лабораторијата.

Кои се последиците за Русија?

WADA препорачува веднаш да бидат отстраните руските спортисти по лесна атлетика од учество на сите меѓународни натпревари, меѓу кои и од Олимпијадата 2016 што ќе се одржи во Рио де Женеиро. Освен тоа се предлага доживотно да бидат дисквалификувани петмина руски спортисти, меѓу кои и Марија Савинова олимписка шампионка од Лондон во трки на 800 метри, и петмина тренери за нарушување на антидопинг-правилата, а исто така да се одземе акредитацијата на московската антидопинг лабораторија. Всушност, ова, според првиот човек на антидопинг комисијата WADA Дик Паунд, е само врвот на пирамидата. „Постои веројатност дека во московската лабораторија се наоѓале и тестови на претставници на многу други видови спорт“, забележа Паунд.

Што велат официјалните лица

Извештајот на WADA предизвика бурна реакција кај официјалните лица. Во изјавата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) се вели дека „извештајот е крајно шокантен“. Во случај на изнесување факти за нарушување на законот за допинг, МОК ќе „реагира со примена на политика на нулта-толерантниост“. Претседателот на IAAF Себастијан Коу изјави дека за Русија во ваква ситуација најразумно ќе биде да ја отповика својата репрезентација во лесна атлетика.

Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко од своја страна повика на покомплексен приод во борбата со допингот. „Кога се случува изолација, таа е лоша за сите. Проблеми во лесната атлетика нема само кај нас. Ние не можеме сите проблеми во лесната атлетика да ги насамариме на Русија“, изјави Митко за агенцијата Р-Спорт. Исто така, министерот за спорт изјави дека московската лабораторија била детални проверена од страна на WADA и дека немало забелешки.

„Пред Олимписките игри во Сочи шест месеци околу 30 специјалисти на WADA ја контролираа работата на лабораторијата до молекул. Понатаму ние организиравме прекрасни Олимписки игри. Следуваше организирање на шампионат по водни видови спорт во Казањ и добивме највисока оценка. Не знам што се случило за овие шест месеци, но повторно има проблеми со лабораторијата. Притоа половина од проблемите можат да се коригираат, а останатата половина не е докажана“, изјави Мутко за телевизијата Росија-24.

Извршниот директор на РУСАДА Никита Камаев во интервју за ТАСС извештајот на WADA го нарече „суров“. Гледам... декларативни изјави без потврди. Во овој момент сите обвиненија се неосновани. Во исто време Камаев забележа дека неговата организација започнала своја внатрешна истрага.

Што мислат експертите?

Спортскиот правни Артјом Пацев смета дека во обвинувањата на WADA се гледа политичка нарачка. „Затоа и дадената информација е дадена во форма на 'препорачуваме'. Доколку имало нешто за отстранување, тие одамна би го направиле тоа“, изјави тој за Р-Спорт.

Специјалистот за антидопинг Сергеј Иљуков, напротив, предвидува негативен развој на настаните за Русија. „Извештајот повеќе изгледа утврдувачки, отколку докажувачки. Мислам дека дискусиите ќе продолжат. Не ја исклучувам можноста дека последиците ќе бидат лоши за Русија“, забележува тој во интервју за Sports.ru.

Експертите исто така сметаат дека корените на проблемите се во самата основа на организацијата на спортот во земјата. „Спортот со високи достигнувања многу се цени во Русија, има политички цели. Задачата е кратка: ти треба да победиш и точка. Никој не мисли за перспективите. Допингот е поедноставен, тој е најкус пат до победата“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња