И рускиот фудбал ќе добие „плафон“

Хулк (лево) и Аксел Витсел, играчи на санктпетербуршкиот„Зенит“. Извор: ИТАР-ТАСС

Хулк (лево) и Аксел Витсел, играчи на санктпетербуршкиот„Зенит“. Извор: ИТАР-ТАСС

Државната дума на РФ има намера да определи горна граница на заработката во Руската фудбалска премиер лига (РФПЛ) по аналогија со принципот кој се почитува во американските спортски лиги. Експертите во овој новитет гледаат развој на концептот за финансиски фер-плеј, кој активно го пропагира ФИФА на чело со Мишел Платини.

Во Руската фудбалска премиер лига (РФПЛ) може да биде одреден максималниот износ на хонорарите на фудбалерите. Државната дума има намера да усвои ваков закон до крајот на пролетното заседание. Пратениците сметаат дека воведувањето на горна граница на заработка ќе ги ограничи хонорарите на неквалификуваните спортисти и тренери, пред сè на странските. Според првиот заменик на претседателот на комитетот за физичка култура, спорт и прашања за младината на Државната дума Дмитриј Свишчев, прашањето за воведување на горна граница на заработка е мошне сложено, но начелна согласност ќе биде постигната во брзо време. „Мислам дека во текот на годинешново заседание ќе го доработиме овој нацрт-закон“, се вели во изјавата на Свишчев, што ја пренесува телевизискиот канал „Мир 24“. Свишчев притоа смета дека нема да се зема предвид официјалната плата, што менаџерите на клубовите можат намерно да ја намалат, туку вкупната сума на хонорарот, вклучувајќи ги бонусите и наградите.

Црниот пајак на советскиот фудбал
Пред околу еден месец, поточно на 15 декември, се навршија 50 години од прогласувањето на Лев Јашин за најдобар фудбалер во Европа. Така советскиот фудбалер стана прв голман во историјата кој ја добил Златната топка. Ниту еден голман до денес ја нема добиено оваа награда. Руска реч на македонски се присетува на интересните факти од животот на овој голем советски фудбалер.

За воведување на горна граница на заработката претходно се залагаше потпретседателот на московски „Динамо“ Генадиј Соловјов. „Ние се придржуваме кон ставот за неопходност од определување 'плафон' на заработката во клубовите на РФПЛ и во другите лиги“, се вели во изјавата на Соловјов на официјалниот сајт на „Динамо“. „Кога станува збор за забелешките на нашите опоненти дека ќе има 'матни' шеми, исплата во плик и така натаму, можам само да кажам де за тоа ќе се одговара согласно законот“, вели Соловјов. 

За ограничувањето на заработката, која, за волја на вистината, се однесува на младите руски фудбалери, кон крајот на април зборуваше и генералниот директор на ЦСК Роман Бабаев. „Треба да се воведе горна граница на заработка за младите руски фудбалери до 21 години, а мора да се зголемат компензациите за премин на играч од школа во клуб, со цел школите да бидат мотивирани и заинтересирани за подготовка на млади фудбалери“, истакна тој на прес-конференција. 

Револуционерна идеја во фудбалскиот свет 

Горната граница на заработка е необична појава во фудбалскиот свет. Таа главно се поставува во други видови спорт, на пример во американските лиги NFL, NBA и NHL. 

Кога станува збор за рускиот спорт, ограничувањето на заработката први ја испробаа менаџерите на Континенталната хокеарска лика (КХЛ), но не успеаја да установат цврста граница. Границата понекогаш можеше да се надмине, благодарение на таканаречениот „данок на луксуз“ (дополнителен прилив во буџетот на лигата) или за сметка на ѕвездите како што се Александар Радулов и Иљја Коваљчук, чии заработки не влегуваа во вкупната пресметка. 

Во другата најјака фудбалска лига на Русија (ФНЛ) наскоро ќе биде одредена максималната сума што може да ја добие еден играч или еден тренер (300 илјади рубли – 8.500 долари), но нема да има заеднички „плафон“ за заработката на целиот тим. 

Гаспром-Арена – најскапиот фудбалски стадион во светот
Гаспром-Арена е новиот стадион на санктпетербуршки Зенит, на кој треба да се одржи полуфиналето на светскиот шампионат во фудбал во 2018, а кој се гради од 2007 година. На новата арена се потрошени 1.1 милијарда долари. Нашиот репортер се обиде да открие зошто овој стадион чини толку многу.

Кога станува збор за меѓународните и за националните фудбалски турнири, во нив нема остри граници, но УЕФА во 2009 година воведе концепт на „финансиски фер-плеј“, кој би требало да помогне во намалувањето на трошоците на клубовите за плати.

Развој на концептот за финансиски фер-плеј 

Почесниот претседател на Рускиот фудбалски сојуз (РФС) Вјачеслав Колосков за порталот „Газета.Ru“ изјави дека се сложува со пратеничката иницијатива, но тој би предложил ова прашање да се решава преку спортските федерации и да не се однесува само на фудбалот. 

„Ова прашање, секако, е мошне актуелно“, нагласува Колосков и додава: „Но, не е јасно зошто тоа се однесува само на фудбалот. Па, кај нас платите во хокејот и во кошарката во најмала рака се споредливи со заработките во фудбалот, ако не и поголеми. Ако ова прашање се дефинира со закон, тогаш тоа треба да се направи за сите видови спорт. Јас во тој нацрт-закон би го вклучил и прашањето за плаќањето на агентите, зашто во фудбалот многу пари одат на нивните услуги“. 

Според поранешниот претседател на РФС, воведувањето горна граница на заработката ќе претставува логично продолжение на делувањето на УЕФА во областа на финансискиот фер-плеј. „Се разбира дека во фудбалските лиги вакво нешто досега не постоеше, но финансискиот фер-плеј во суштина е истото“, вели Колосков и додава: „Можеби не толку конкретно, но во суштина се предвидува горна граница на заработката. Не случајно Платини со своите соработници ја разработи оваа тема“.

Рускиот текст на порталот gazeta.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња