Палките тргнаа во поход

Етапа од Гран-прито по ритмичка гимнастика во Москва. Извор: Олесја Курпјаева.

Етапа од Гран-прито по ритмичка гимнастика во Москва. Извор: Олесја Курпјаева.

Осумнаесетгодишната гимнастичарка, шампион на Русија и победничка на Државниот куп за 2012 година во ритмичка гимнастика Маргарита Мамун го потврди своето лидерство и на првиот меѓународен старт на сезоната 2013 на московскиот Гран-при, кој заврши вчера во универзалната спортска сала „Дружба“.

Маргарита Мамун победи во натпреварите со обрач (17,900 поени), со палки (17,933), со топка (18,640) и беше трета со лента (17,015). Оценката за нејзината програма со топка беше највисока на турнирот. Но, овој резултат воопшто не е зачудувачки.

- Со топката играм на „Ноктурно“  од Шопен. Тоа е мошне нежна и за мене омилена програма, - ни ја открива тајната на својот успех Маргарита. – Но, и другите композиции ми се допаѓаат: шпанскиот обрач, палките на песната „I love Paris“ и експресивната лента на песната „Ехо на љубовта“ од Ана Герман.

Но, овој пат лентата повеќе ја слушаше Дарја Сватковскаја. Од судиите ќерката на гимнастичарката Оксана Скалдина и на олимпискиот шампион по петобој Дмитриј Сватковски доби мошне добра оценка – 17,500, иако на Даша не ѝ појде веднаш од рака да ја почувствува програмата проследена со руски мотиви.

- Настапот на руската песна „Лодочка“ („Чамец“) беше нешто ново за мене, - ни открива Даша Сватковскаја. – Но, откако се запознав со наставникот од ансамблот на народни танци Моисеев, кој беше поканет специјално за девојките од групните вежби, јас со задоволство почнав да работам на оваа композиција.

Оценката за програмата со топка на Маргарита Мамун беше највисока на турнирот. Но, овој резултат воопшто не е зачудувачки.

Дарја Сватковскаја ја доби втората оценка за обрач (17,500), а за Александра Меркулова сребрена стана топката (17,633). Апсолутна шампионка на првите младински Олимписки игри неодамна закрепна од здобиената повреда и започна со тренинзите. Наталија Горбулина, академик на Меѓународната академија за ритмичка гимнастика, заслужен тренер на Русија, која заедно со главниот тренер на репрезентацијата Ирина Винер работат со Мамун и со Меркулова, забележа дека Александра започнува да го надокнадува она што го пропуштила: „Меркулова по одличната подготовка за Олимпијадата се здоби со повреда. Таа долго време не тренираше. Но, закрепна. Кон крајот на декември почна да работи. И, секако, сега таа не е во најдобра форма. Но, сè зависи од неа. Таа е физички надарена. Зад себе таа носи голем багаж, големо искуство во натпреварувања. Но, сепак имаше прекин. За тоа време други гимнастичарки отидоа многу понапред. Затоа таа мора брзо на надополнува“.


Нашите девојки можат без проблем да танцуваат, но да го направат истото тоа со некој предмет е многу тешко.

Наталија Горбулина

Наталија Горбулина исто така ни раскажа за тоа како гимнастичарките се прилагодуваат кон новите правила, како ја одработувале музичката точка.

- Нашите девојки можат без проблем да танцуваат, но да го направат истото тоа со некој предмет е многу тешко, - подвлече Наталија Горбулина во разговор со новинарката на „Росијскаја газета“. – Има девојки кои се сестрано надарени: и во танцот и емоционално и во работа со предмет. Ним им е лесно сето тоа да го соединат. Другите, пак, треба да вежбаат и да се трудат. Секоја музичка точка, која е долга само 8 секунди, тие ја проучуваат по 40 минути: како треба да се движи ногата, како раката. И дури потоа го земаат предметот. Потребно беше време за да се навикнеме на новите правила, но сметам дека тој период веќе помина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња