Безопашестиот ХАИ-3: Како СССР го направи својот прв авион „летечко крило“

Archive photo
Тоа требаше да биде своевиден евтин летечки автобус, но Втората светска војна засекогаш стави точка на овој проект.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!

Советските инженери во текот на 1930-тите експериментираа со создавање „безопашести“ авиони и машини според шемата „летечко крило“. Така настана првата конструкција на светот, направена според проектот ХАИ-3.

ХАИ-3

Макета-копија на патнички авион со десет седишта „ХАИ-3“, дизајнирана во Харковскиот воздухопловен институт.

„Предноста на „безопашестиот“ авион е што конструкцијата е полесна, а аеродинамичниот воздушен притисок за време на летот е помал. Од друга страна, со такво летало е потешко да се управува“, вели Дмитриј Литовкин, уредник на списанието „Независимое обозрение“.

Според него, тогашните инженери процениле дека такви помали авиони може да се користат како „летечки автобуси“, т.е. можат да се користат за масовен и евтин воздушен сообраќај кој би бил достапен за многумина. Затоа властите на СССР им дадоа налог на конструкторите на авиони ширум земјата да направат конструкција што може да носи еден тон товар или десет патници и да развива просечна брзина од 120 км/ч.

ХАИ-3 ги исполни сите зададени услови.

„Безопашестиот“ авион со шема на „летечко крило“ лета доста бавно. Беше замислено според таа шема да се направи евтино летало кое троши малку гориво и не бара е изискувачко во поглед на пистата“, додава експертот.

Технички, ХАИ-3 имаше 12 патнички седишта наредени во два реда едно зад друго. Секој патник седеше во нешто што личеше на капсула или пилотска кабина.

Трупот беше конструиран според класичната шема на „летечко крило“, со тоа што екипажот, полезниот товар, горивото и опремата беа сместени во главната конструкција на крилата.

ХАИ-3 беше долг само 5,8 метри и имаше мотор од само 110 КС. Под целосно оптоварување, авионот можеше да развива брзина од само 130 км/ч.

Судбината на проектот

Тестирањето на првиот пробен модел на ХАИ-3 беше планирано за септември 1936 година. Се покажа дека авионот е прилично стабилен и може да се управува под целосно оптоварување.

„Заклучокот на комисијата беше позитивен, но беше одлучено да се доработи и зајакне машината, т.е. да се стави дополнителен мотор и да се подобри конструкцијата за авионот да има поголеми маневарски можности“, објаснува Литовкин.

Според него, обновената варијанта на авионот можела да се појави уште кон крајот на 1930-тите, но поради запреното финансирање и економските проблеми, проектот бил одложен за подобри времиња. Потоа започна Втората светска војна и во тие услови раководството на земјата не можеше да ја реализира изградбата и масовното производство на ова патничко летало за обичните граѓани.

„Летечко крило“ во странство

Авионите од овој тип никаде во светот не станаа дел од цивилната авијација, но во воените кругови имаше многу експерименти во таа насока.

Конкретно, во 1943 година Германија го направи првиот голем ловец-бомбардер според шемата „летечко крило“. Тоа беше „Хортен Хо 229“ со млазни мотори. По војната конструкторите на овој авион се преселија во Аргентина и таму направија неколку слични модели, но освен поединечни прототипи, овие проекти не беа дополнително развивани.

Почнувајќи од 1930-тите, авионите „летечко крило“ интензивно ги правеше и тестираше американската компанија „Нортроп“. Првите прототипови беа претставени за време на Втората светска војна, кога компанијата ги направи бомбардерот Northrop N-1M 1 и ловецот P-56 Black Bullet. И двата проекта беа запрени во фазата на развој поради многу недостатоци.

Американските конструктори со „летечкото крило“ постигнаа успех дури во доцните 1970-ти, кога се појавија нови авионски материјали кои овозможуваат овој тип на авиони да се изработува според стелт технологија.

Денеска само војската прибегнува кон ваква конструкција, додека производителите на цивилни авиони ја претпочитаат класичната варијанта, бидејќи таа е попогодна за превоз на патници отколку „летечкото крило“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња