Генералите Шојгу и Герасимов со тенкот Т-80БВМ се најдоа во календар за 2022 година (ФОТОАЛБУМ)

Т-80БВМ

Т-80БВМ

www.vitalykuzmin.net

Се појавија интересни фотографии од календар за 2022 година на кој „главните ѕвезди“ се рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу и началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов. Тие на тенковскиот полигон Алабино, судејќи според сé, лично ја тестираа најновата модификација на тенкот Т-80БВМ и се уверија во неговите тактичко-технички можности. Фотографот на руското Министерство за одбрана го искористи овој настан за да направи комплет од најинтересните фотографии кои подоцна беа користени за креирање на календарот за 2022 година.

Инаку, фабриката „Омсктрансмаш“ (со седиште во Омск), која е дел од корпорацијата „Уралвагонзавод“ и која претставува интегрален дел на државната корпорација „Ростех“, започна со испорака на модернизирани те тенкови Т-80БВМ на оклопно-механизираните единици на руската армија.

Се работи за најновата модернизација на тенкот Т-80, која доби и модернизиран мотор, зајакната оклопна заштита и посовршен систем за управување со огнот. Новиот тенк е значително подобар од претходните верзии на Т-80, а неговата употреба е незаменлива на крајниот север на државата. Неговиот квалитет беше демонстриран на тенковскиот биатлон одржан во 2019 година, каде што покажа одлични резултати.

Конкретно, за да се подобрат огнените способности на тенкот, на местото на нишанџијата е инсталиран нов нишан, потоа зголемена е оклопната заштита на тенкот со додавање на систем за динамична заштита, а се поставени и противкумулативни заштитни решетки. Моторот со гасна турбина е способен да користи различни видови гориво (дизел, бензин и керозин), а благодарение на неговата капитална модернизација, потрошувачката е намалена за една третина. Овој мотор стартува без никакви подготовки, во услови на екстремно ниски температури, што е многу важно ако се знае каква е климата на крајниот север на земјата, каде што со овие тенкови ќе бидат пополнети единиците кои моментално се стационирани во Поларниот круг.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња