„Секоја нуклеарна боева глава е контејнер наполнет со тнр. „самостојно наведувани повеќекратни нуклеарни боеви глави со независно насочени проектили. Поедноставно кажано, боевата глава е поделена на неколку нуклеарни полнења, програмирани да гаѓаат различни делови од непријателската територија. Така, во една ракета всушност има неколку проектили “, вели Дмитриј Литовкин, главен уредник на списанието „Независимое военое обозрение“.
На пример, новата руска интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ ќе има најмалку 15 самонаведувани боеви полнежи со моќност од 150-300 килотони. Тие се сместени во боевата глава како „грозд“ и се одвојуваат како посебни нуклеарни проектили кога ќе влезат во атмосферата.
Лансирање на интерконтинентална балистичка ракета „Топол-М“ од космодромот Плесецк заради тестирање.
Министерство за одбрана на РФ/TASS„Сите современи нуклеарни ракети се прават на тој начин и во Русија, и во САД, и во Франција, Кина итн. Така се намалува веројатноста противничката противвоздушна одбрана да ја собори ракетата“, истакнува експертот.
За да ја отежнат задачата на противничката ПВО, инженерите вградуваат одделни „празни“ полнежи, т.е. неколку самостојно наведувани проектили без полнење во купот вистински нуклеарни проектили.
„Тие го анулираат дејството на антиракетниот арсенал и го расчистуваат патот за вистинските нуклеарни полнења. Во воената наука се прави сè за да му се загорчи животот на потенцијалниот непријател“, истакнува тој.
Тие „вештачки“ нуклеарни полнежи содржат компоненти кои ги прикажуваат на радарот на ист начин како и вистинските полнежи.
„Тоа е мешавина од компоненти: фолии, метални ленти, специјални забрзувачи на удар итн. Станува збор за комбинација од материјали кои радарите ја препознаваат како вистински нуклеарен проектил, а всушност е имитација“, вели главниот уредник на списанието „Независимое военое обозрение“.
Транспортно-лансирен контејнер на ракетен комплекс РС-24 „Јарс“.
Максим Блинов/SputnikЛажните цели за збунување на непријателските компјутери не се користат само кај интерконтиненталните балистички ракети.
„Кога непријателот ќе открие подморница и на неговиот радар се гледа како торпедото ита во тој правец, таа „цел“ може да биде специјален уред кој го имитира звукот на вистинска голема подморница. Од звукот зависат сите системи за подводен напад како и нивната навигација, така што овој уред може да го измами навигацискиот систем на торпедото и да го одвлече од вистинската подморница“, вели Иван Коновалов, директор за развој на Фондот за промовирање на технологии на 21 век.
Тој додава дека авионите и хеликоптерите користат топлински мамки за да ги заслепат непријателските инфрацрвени самонаведувани ракети и ги одвлекуваат од авионите.
„Тие системи се користат насекаде низ светот за заштита на леталата. Некои се понапредни од другите и имаат големи шанси да ги измамат непријателските офанзивни или одбранбени системи “, заклучува експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче