Во споредба со претходните верзии, овој има нова динамична заштита „Реликт“, која може да неутрализира различни противтенковски проектили, вклучувајќи тандемски боеви глави и високобрзински панцирни поткалибарски проектили, пишува „Росијскаја газета“.
Инсталирани се и модерни нишани, кои по ништо не отстапуваат од оние на најдобрата странска оклопна техника, што овозможува сигурно уништување на противникот во секое време од денот.
Според странските експерти, тешкиот пламенофрлачки систем ТОС-1А, уште еден модел, произведен во фабриката во Омск, е едно од најсмртоносните оружја во арсеналот на руските копнени сили.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат делови од тестирањата на возилата. „На полигонот на „Омсктрансмаш“ беа спроведени истовремени тестирања на два вида техника - ТОС-1А и тенкот T-80БВМ“, се вели во описот на видеото.
Во септември и декември годинава прес-службата на компанијата информираше за прием во армијата на производи со промени во конструкцијата. Конкретно, на подобрената вградена динамичка заштита и системот за навигација GPS/Глонасс. Техниката доби нови гасеници - со прави вериги, а подобрена е и лансирната апаратура, што го зголемува комфорот за работа на екипажот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче