Објавено која земја е најголем увозник на руско оружје

„Брамос“

„Брамос“

Vitaly V. Kuzmin
Индија е најголемиот увозник на руско оружје, им изјави на новинарите потпретседателот на владата на Русија Јуриј Борисов на маргините на Тјуменскиот нафтено-гасен форум (TNF 2021).

„Понекогаш ѝ продаваме на Индија она што не го продаваме на други земји, затоа што меѓу нас немаме ни политички ни територијални спорови или конфликтни ситуации. Нашата соработка е проверена со години“, истакна потпретседателот на руската влада.

Борисов потсети дека Индија има производство на тенкови Т-90 по руска лиценца, како и на авиони Су-30МКИ.

„Го имаме и заедничкото производство на ракетите BrahMos. Покрај обичната продажба на оружје, со Индија споделуваме и технологии. Во моментов се во тек преговори за заедничко производство на хеликоптери Ка-226Т“, рече тој, истакнувајќи дека вооружувањето што се извезува не смее според карактеристиките да ги надминува руските варијанти.

Борисов истакна дека Русија, по опремувањето на сопствените вооружени сили, може да го разгледа прашањето за продажба на С-500 на Индија, доколку има интерес. „Но, тоа нема да се случи во наредните неколку години“, истакна тој.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња