Рускиот тим го зазеде првото место на натпреварот „Авиадартс“ во рамките на Армиските меѓународни игри-2021, соопшти во четвртокот, 2 септември, Министерството за одбрана на Русија. Во претходните години рускиот тим константно го заземаше првото место, само во 2017 година го подели со екипата на Кина.
„Руските натпреварувачи ја однесоа победата во натпреварувањето на бомбардерската, јуришната, стратешката и воената авијација на борбени и транспортно-борбени хеликоптери. Тоа им овозможи да го заземат првото место во генералниот пласман и да го освојат купот на натпреварувањето“, се наведува во соопштението.
Најдобри во рускиот тим беа пилотите на модернизираниот бомбардер Су-34 од Липецк, јуришните авиони Су-25СМ3 од Краснодарскиот крај, стратешкиот бомбардер Ту-22М3 од Иркутската област, офанзивните хеликоптери Ми-28Н и транспортно-борбените хеликоптери Ми-8АМТШ од Ростовската област.
На натпреварите на ловечката авијација и воено-транспортната авијација победија пилотите од Кина со авиони Ј-10 и Y-9. Кинезите, исто така, освоија две втори места во стратешката и бомбардерската авијација и трето место во воено-транспортната авијација.
Екипажите на Военото воздухопловство на Белорусија освоија три комплети сребрени медали во категориите „јуришн авијација“ и „армиска авијација на борбени и транспортно-борбени хеликоптери“.
Церемонијата на затворање на натпреварот и доделувањето на наградите ќе се одржат на рјазањскиот аеродром Дјагилево во сабота, 4 септември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче