Американското списание Military Watсh објави статија насловена како „Зошто НАТО го мрази С-300 – најдалекометниот систем за ПВО од времето на Студената војна“.
Авторот потсетува дека овој противвоздушен ракетен систем одигра централна улога во советската противвоздушна одбрана во текот на голем дел од Студената војна, а од 1982 година Советскиот Сојуз почна да го извезува ширум целиот свет - во многу земји тој е во вооружувањето и денес. Во моментов, со него се служат Северна Кореја, Сирија, Иран, Полска и Бугарија. Земјите ги добија ракетните системи во 1980-90-тите години. Покрај горенаведените, во својот арсенал С-200 го имаат и Узбекистан, Казахстан, Туркменистан и Азербејџан, кои ги наследија по распадот на СССР.
Системот е наменет за заштита од сите видови воздушни напади како најсовршен и најдалекометен дострел пандан на системот С-75.
Првите системи С-200 влегоа во вооружувањето во 1966 година и останаа во употреба до 1996 година, кога многу од нив беа повлечени од служба.
Ракетите С-200 се користат за наведување на полуактивни самонаведувачки боеви глави. При погодок во целта експлодира или фрагментарно-запалива боева глава или тактичка нуклеарна боева глава, од која последната може да биде лансирана само по команден сигнал.
Разликата во перформансите помеѓу С-200 произведени во 1980-тите и оригиналните варијанти од 1960-тите е многу значајна. Најдобрата варијанта С-200Д има дострел од 300 километри, во споредба со 175 километри на оригиналната С-200А.
Подоцнежните варијанти имаат повисок плафон на лет - до 40 км, поуниверзални се, имаат одличен потенцијал против балистички ракети и многу поголема веројатност да погодат цели. Можат да елиминираат цели што се движат со мала хиперсонична брзина до 6 Маха, имаат опсег на откривање цели до 600 километри и можат да бараат цели на висина над 45000 метри - овие способности се идеални за заштита од балистички ракети.
Секој баталјон С-200 користи 6 лансери и радар за зафаќање на целите. Системот е дизајниран да погодува балистички ракети и бомбардери. Но, може да биде закана и за авиони-ловци и јуришни авиони, вклучително и на големи растојанија. Така, во рацете на Сиријците, С-200 собори авиони А-4 на американската Воена морнарица и F-16 на Военото воздухопловство на Израел.
За време на Студената војна ниту еден западен конкурент не го надмина С-200 во однос на дострелот. И покрај импресивните можности, сепак, системот има еден значаен недостаток - не е мобилен. Системот може да се распореди само на стационарни места. Затоа, претставува лесна цел за непријателот.
Сепак, С-200 останува релевантен и до ден-денес. Иран, кој исто така го има посовремениот С-300 во својот арсенал, инвестира многу во модернизација на системот и има намера да го направи мобилен.
Комплексот сé уште е доволно сигурна заштита од балистички проектили и високобрзински извидувачки авиони, сумира изданието MW, пренесува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче