Кој кого: Ловецот-бомбардер F-35 против советскиот систем С-200 во Сирија

Систем С-200

Систем С-200

Виталиј В. Кузмин/Wikipedia.org
Сирискиот противвоздушен систем со голем дострел С-200ВЭ „Вега-Э“, произведен во СССР, издржа напад од ловец-бомбардер од петта генерација F-35.

Како што соопштува „Вестник Мордовии“ а пренесува порталот rg.ru, најпрвин од системот С-200 е отворен оган врз F-35 на израелската армија, а потоа противвоздушниот систем од советско производство го издржал возвратниот напад на ловецот-бомбардер.

До таков заклучок дојдоа воените експерти по анализата на сателитските снимки на позициите на сириската 16 бригада за ПВО која се наоѓа во близина на воздухопловната база Думеир на подрачјето на Дамаск.

Се истакнува дека се ракетирани лансерите, но дека не се оштетени. Можно е во воздушниот напад да е оштетена само антената на радарот кој ја обележува целта, така што оваа единица за ПВО можела брзо да ја воспостави својата борбена готовност.

Стручњаците сметаат дека советскиот систем С-200 сѐ уште може успешно да одбива воздушни напади иако е направен уште во текот на 1960-те.

Во Сирија се наоѓаат околу 50 вакви системи. Советскиот Сојуз ги испорача во текот на 1980-те. Вкупно се извезени 144 ракети за овие противвоздушни системи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња