Какво руско оружје поседува Иран?

Поздрав на иранските војници на тенкот Т-72 на парадата по повод годишнината од Иранско-ирачката војна (1980-1988), Техеран, 22 септември 2014 година.

Поздрав на иранските војници на тенкот Т-72 на парадата по повод годишнината од Иранско-ирачката војна (1980-1988), Техеран, 22 септември 2014 година.

AFP
Среде тензиите и потенцијалниот вооружен судир помеѓу САД и Иран малку недостасуваше металните чудовишта од советско производство да се судрат со модерните американски „колеги“ во борби на песочните дини. Какви се шансите на овие „олдтајмери“ на бојното поле?

Советскиот Сојуз одамна му продаде на Иран противвоздушен штит кој во тоа време можеше да одбие евентуален воздушен напад. Покрај тоа, иранските копнени единици добија околу 500 тенкови Т-72.

Од друга страна, и земјите како што се САД и некои европски држави исто така му продадоа на Техеран свое оружје (на пример, ловечки авиони, тенкови и артилериски системи) уште во времето кога Западот беше во добри односи со Иран.

Но, сето тоа беше одамна, така што овие системи практично немаат шанса да го одбранат Иран од современите единици, од новите ракети, од новите ловци и бомбардери.

Да го погледнеме одблизу советското оружје кое Иран сè уште го поседува во својот арсенал.

Тенкови Т-72

Ова е еден од многуте тенкови што се направени во Советскиот Сојуз во текот на шеесеттите години од минатиот век. Порано Т-72 беше моќно оружје. Москва на Техеран му продаде речиси 500 тенкови од овој тип.

Ирански војник на тенк Т-72 поминува покрај портретот на врховниот лидер на Иран Али Хаменеи на парадата по повод Денот на армијата, Техеран, 18 април 2015 година.

Во современата руска армија споменатите тенкови повеќепати беа модернизирани, така што одговараат на стандардите кои денес важат за тешките борбени тенкови, а нивните проектили сега пробиваат современи оклопи.

Но, ниту еден ирански тенк не е модернизиран на тој начин зашто ООН уште во текот на минатата деценија воведоа санкции со кои се забранува продажба на оружје на Иран.

Ова значи дека иранските тенкови Т-72 се застарени, иако сè уште претставуваат потенцијална закана поради големите топови со калибар од 125 милиметри.

Исто така имаат и два моќни митралези – еден е ПКТ со калибар од 7,62 милиметри за уништување непријателска пешадија, а вториот е ДШК со калибар 12.7 милиметар, кој се користи против лесни оклопни возила и цели во низок лет.

Секој тенк Т-72 има дизел мотор V12 од 780 коњски сили, благодарение на што грдотијата тешка 41 тони развива брзина од 60 километри на час.

Со еден резервоар Т-72 може да премине 700 километри.

Најголемиот проблем на овие тенкови се заштитните плочи од советски период кои не можат да ги запрат современите противоклопни проектили. Немодификуваните тенкови Т-72 немаат ни доволно огнена моќ, ниту потребната муниција со која би можеле да се пробијат современите тенковски оклопи со висок квалитет.

Противвоздушен систем С-200

Противвоздушниот ракетен систем С-200 е направен кон средината на шеесеттите години од минатиот век за заштита на најважните административни, индустриски и воени комплекси од сите видови воздушен напад, без разлика дали станува збор за ловечки авион или бомбардер, авионите кои служат како командни центри, набљудувачки и други пилотирани или беспилотни летала.

Ракета со голем дострел С-200 испукана на маневрите во пристанишниот град Бушеро, северен брег на Персискиот залив, Иран, 2006 година.

Секој систем С-200 може да дејствува во различни климатски услови, по силен ветар, дожд, па дури и силни песочни бури во иранскиот регион.

Максималниот дострел на секоја лансирана ракета изнесува 150 километри, има боева глава од 217 килограми и е наполнета со високоексплозивно полнење. Звучи заканувачки, нели?

Сепак, многу подобро би звучело доколку полуактивниот радиоводечки систем од шеесеттите години од минатиот век уште да се користи за откривање, следење и соборување модерни наведувачки крстосувачки ракети (да не зборуваме за ловците и бомбардерите направени според најновата стелт-технологија).

Според законот на веројатноста, оваа противвоздушна одбрана сепак може да собори определен број летала и ракети, но резултатот секако нема да биде стопроцентен.

Ракетен систем Тор-М1

Противвоздушниот систем со мал дострел Тор-М1 е направен за уништување цели кои продреле низ штитот на системот С-200. Неговиот оперативен дострел изнесува само 15 километри.

Овој систем може да соборува цели од ловци и од бомбардери до ракети кои летаат со брзина од 700 метри на час.

Како и С-200, направен е за заштита на стратешките државни објекти, како што се воени бази, командни центри, владини објекти итн.

Технологиите што се применети во системот „Тор-М1“ му овозможуваат на ова оружје да собори 97 од 100 цели во воздухот. Ракетите имаат боеви глави со високоексплозивно полнење.

Системот функционира во сите, па и во најтешките временски услови, од песочни бури до снежни вејавици, и од -50 до +50 степени според Целзиус.

Покрај споменатите три метални грдотии, иранските единици имаат добиено и помало руско стрелачко оружје за специјалните единици, вклучувајќи го автоматот „Калашников“, снајперската пушка Другинов, пешачки мини итн.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња