Поодделна статистика на руските/советски системи во составот на сириската армија

Слободан Ѓукиќ
Министерството за одбрана на Руската Федерација ги објави резултатите кои поодделно ја прикажуваат ефикасноста на советските/руските системи за ПВО кои се наоѓаат во составот на сириската армија за време на борбата со американските и со француските крстосувачки ракети.

Последниот брифинг кој беше одржан во руското Министерство за одбрана, се осврна и на поодделните резултати кои ги покажаа советските/руските системи за ПВО што се наоѓаат во составот на сириската армија, каде се гледа и степенот на оспособеност на нивните борбени екипажи.

Во борбените дејствија учествуваа следниве средства за ПВО кои се наоѓаат во единиците на сириската армија:

  • Хибриден топовско-ракетен систем 96К6 „Панцир“
  • Ракетен систем 9К317 „Бук-М2Э“
  • Ракетен систем 9К33 „Оса“
  • Ракетен систем С-125 „Печора-2М“
  • Ракетен систем 9К35 „Стрела-10“
  • Ракетен систем 2К12 „Квадрат“
  • Ракетен систем С-200 „Ангара“

Според овие податоци кога ќе се земат процентите на успешност (бројот на лансирни ракети/бројот на соборени цели) ранг-листата изгледа вака:

  • 7 место го зазеде прастариот ракетен систем С-200 „Ангара“ кој испука вкупно 8 ракети, од кои ниту една не ја собори својата цел, што изнесува 0%
  • 6 место го зазеде исто така стариот ракетен систем С-125 „Печора-2М“ од кој се лансирани вкупно 13 ракети, од кои 5 ја уништија својата цел или 38.46%
  • 5 место го зазеде екипажот на ракетниот система 2к12 „Квадрат“ кој лансираше вкупно 21 ракета, од кои 11 ја уништија својата мета или 52.38%
  • 4 место го зазедоа посадите на ракетниот систем „Оса“ кои лансираа вкупно 9 ракети, од кои 5 ги уништија своите цели или 55.54%
  • 3 место им припадна на ракетните екипажи на системот „Стрела-10“ кои лансираа вкупно 5 ракети, од кои 3 ги уништија своите цели или 60%
  • 2 место го зазедоа ракетните екипажи на системот 9К317 „Бук-М2Э“. Овие системи лансираа вкупно 29 ракети, од кои 24 ги уништија своите цели или 82.75%
  • 1 место им припаѓа на топовско-ракетните системи 96К6 „Панцир“ кои со вкупно 25 ракети уништија дури 23 воздушни цели или исклучителни 92%.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња