Операцијата „Кавказ-2“: Советската помош за Сирија во Либанската војна 1982-1983

Советски инструктори и системите С-200ВЕ „Вега Е“ (С-200ВЭ «Вега-Э») во Сирија

Советски инструктори и системите С-200ВЕ „Вега Е“ (С-200ВЭ «Вега-Э») во Сирија

commons.wikimedia.org
Денес сме сведоци на продолжување на судирот помеѓу Сирија и Израел кој најмногу се одигрува на полето на авијацијата и противвоздушната одбрана. Во немилосрдната борба за опстанок и доминација на блискиот Исток напредните видови војување имаат пресуден збор. Руската Федерација покрај Иран е главниот снабдувач на Сирија во вооружени системи, со што на тој начин ја продолжува традицијата на Советскиот Сојуз кој со децении наназад ѝ помагал на Сирија да го одржи паритетот со Израел.

Последното големо одмерување на силите со присуство на Советите се случи во времето на израелската операција „Мир за Галилеја“. Израелската војска стапи на територијата на Либан, со цел да ги уништи палестинските сили. На територијата на Либан влезе и Сириската војска со цел да ја спречи израелската офанзива.

Од големата конфронтација на израелската и сириската војска од 1973 година има поминато многу време, а средствата за војување делумно се сменети. Потпора на израелската војска во секоја војна е нејзината авијација, така што средствата за ПВО или авијацијата се одговор без кој не можеше ниту да се замисли војна со Израел.

Во првата фаза на судирот главен проблем за израелската авијација претставуваат ракетните системи „Куб“ распоредени во долината Бека. Додека постоеја развиени батерии Израел не можеше во целост да господари со небото над Либан. Поради тоа беше спроведена операцијата „Арцав 19“ со цел да се ликвидира батеријата системи „Куб“.

Со користење итроштина, пуштајќи беспилотни летала напред, со удари на далекустрелната артилерија од земјата и авионите вооружени со ракети за далечно дејство, Израелците успеаја да нанесат големи загуби на системите за ПВО со среден дострел. Советскиот Сојуз продолжува со испорака на техника и со испраќање на специјалисти за обука на сирискиот состав и за организирање на ПВО. Но, како што се покажа во следниот период тоа не беше доволно. Последната „шлаканица“ ја доживеаја за време на уништувањето на 10 системи „Шиљка“ во содејство со американскиот авион авакас E-2C Hawkeye кој со радиолокациски уреди ја определи точната позиција на системите за ПВО, по што беа погодени со ракетите AGM-45 Shrike. Освен реорганизирањето на постојните средства за ПВО, советскиот политички врв на чело со Јуриј Андропов реши да стави точка на израелската доминација со испорака со тогаш најмоќниот систем за ПВО С-200. Со тоа започна операцијата „Кавказ-2“.

Тајна карта на ЦИА: радиус на дејствување на системите С-200 кои беа разместени во провинцијата Хомс и на аеродромот Думајир во однос на Сирија и на соседните земји.

Контингент од осум илјади советски војници во повеќе етапи е испратен во Сирија заедно со системот С-200, кој можеше да дејствува врз авионите во граница до 200 километри. Практично по испраќањето на новите средства за ПВО советските стручњаци ја презедоа врз себе контролата над сирискиот воздушен простор. По доаѓањето на советските ракетни полкови, сирискиот претседател Абдул Халим Хадам изјави: „Сега нè штити шепата на советската мечка“. За Израел ова претставуваше голем проблем зашто системите С-299 ги држеше израелските авиони на голема оддалеченост, а особено авионите Е-2 и Е-767 кои служеа за електронско војување.

Оперативната група ја водеа генерал-полковник на авијацијата Борис Бочков и генералот-лајтнант Константин Бабенко. Покрај тоа СССР ѝ испорача на Сирија нови ловци МиГ-23МЛД, последна модернизација. Резултатите не изостанаа. По ставањето во функција на трите полка С-200 и пуштањето во работа на системите, сите израелски летови во долината Бека престанаа. Но, борбите на маргините на територијата на Либан во воздушниот простор продолжија.

Според податоците на главниот советник за Сирија генерал Јашкин, за шест дена активна борба ракетарите успеаја да соборат девет американски авиони, меѓу кои пет А-5 и три Ф-14, а исто така и еден Ф-4 „Фантом 2“. Притоа додава дека уште четири израелски и два француски палубни ловци биле соборени. Сиријците и Советите тврдеа дека собориле авион за набљудување Е-2 на оддалеченост од 190 километри. Израел не го потврди ова тврдење, како и Американците, но она што беше очигледно е дека Америка и Израел ги запреа своите летови, со што целта беше постигната. Советските позиции беа зацврстени во Сирија, а сириските во Либан. Израел ја повлече својата копнена војска во јужниот дел на Либан каде остана до 2000 година. Хафиз ел Асад можеше да ликува.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња