„Национален Интерес“: Што го прави рускиот Су-35 подобар од американскиот F-22

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот повеќенаменски ловец од четвртата генерација Су-35 му е главна „конкуренција“ на американскиот ловец од петтата генерација F-22 бидејќи има неколку клучни предности. Една од нив е инфрацрвениот систем за откривање и следење цели, како и помоќниот радар.

Сите недостатоци на „Раптор“ неодамна беа набројани од весникот „Национален Интерес“. Американскиот ловец е буквално слеп во инфрацрвениот дијапазон, додека многуте потенцијални противници одамна имаат соодветни сензори за откривање и следење на целта во пасивен режим, така што авионот да остане невидлив.

Ловците F-22 немаат ниту странични радари. Американскиот весник пишува дека Су-35 има страничен радар, но тоа тврдење е погрешно. Од современите руски ловци, само најновиот Су-57 има такви радари. Од друга страна, судејќи според податоците од слободни извори, системот за откривање цели на рускиот ловец сепак има поголем домет од американскиот.

Причината за таквата недовршеност се крие во начинот на финансирање на проектот F-22. Военото воздухопловство на САД во јануари 1989 година во договор со производителот одреди дека еден ловец може да чини максимум 9 милиони долари. Компанијата „Локхид“ во тој момент имаше проект вреден 16 милиони долари и поради тоа мораше да се откаже од низа крајно важни системи, вклучително и од страничните радари и инфрацрвените системи за откривање и следење цели. Производителот самиот одлучи да ги тргне тие ставки од списокот.

Поради тоа, во евентуална борба, рускиот ловец Су-35 би имал клучна предност, иако „Раптор“ е еден од најмодерните авиони во светот, заклучува „Национален Интерес“.