Кои странски авиони можат да му бидат конкуренција на рускиот ловец Су-35

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Во овој момент рускиот ловец Су-35 од генерацијата „4++“ на меѓународниот пазар на оружје нема силна конкуренција. Засега тоа се само ловците од петтата генерација од американско производство F-22 и F-35.

Ова го соопштија за агенцијата РИА „Новости“ од Федералната служба за военотехничка соработка (ФСВТС) на Руската Федерација по повод публикацијата во медиумите посветена на предностите на рускиот ловец Су-35 во однос на F-22.

„Иако рускиот ловец Су-35 според класификацијата ѝ припаѓа на генерацијата 4++, според своите севкупни летечки и борбени карактеристики тој е сосем блиску до ловците од петтата генерација. Фактички, само американските ловци F-22 и F-35 можат да се третираат како непосредна конкуренција на рускиот ловец“, изјави портпаролката на наведената служба Валерија Решетникова кога ѝ беше поставено прашање во врска со тоа.

F-35 и F-22

Таа истовремено додаде дека ФСВТС на РФ „негува оптимизам во поглед на извозот на оваа машина, бидејќи постои голем интерес за рускиот авион и покрај сé посилната нелојална конкуренција и извесните обиди за дискредитација на нашата техника“.

Како што претходно пишуваше весникот Military Watch на англиски јазик, рускиот ловец Су-35 е подобар од американскиот авион од петтата генерација F-22 Raptor според својата мултифункционалност, бидејќи Су-35, покрај широките можности во борбата против воздушни цели, има значително подобрени карактеристики за напад врз цели на копно и море.

Во својата статија Military Watch истакнува дека Су-35 носи шест суперсонични ракети Х-31 од класата „воздух-земја“ кои можат да се користат за напади на цели на копно и вода, како и на непријателски радари. Според изданието, ова оружје, во комбинација со можностите на радиоелектронската опрема што ја поседува Су-35, е многу ефикасно против системите за ПВО.

Су-35С

Суперманеварскиот ловец Су-35 е наменет за воспоставување доминација во воздухот, како и за покривање на копнени трупи од воздух и за ракетирање цели на копно и на море. Вооружените сили  на Русија добиваат модификација на авионот Су-35С. Такви ловци беа користени во антитерористичката операција во Сирија.

Су-35 е баран на меѓународниот пазар. Кина, на пример, купи партија вакви авиони, а можност за купување разгледуваат и многу други земји, меѓу другите и Турција.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња