Military Watch: Рускиот Су-35 е ефикасно средство за уништување на ПВО

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Рускиот ловец Су-35 од генерацијата 4++ е наменет за обезбедување доминација во воздухот и со причина се смета за еден од најдобрите во својата класа. Но, истовремено, тој е одличен за уништување непријателски системи за ПВО, што го прави вистинско универзално борбено средство.

Ова е заклучокот на порталот Military Watch, кој ги анализираше можностите на Су-35. Како една од најважните предности на овој ловец се истакнати неговите исклучителни маневарски способности постигнати благодарение на моторите со управлив вектор на потисок. Опсегот на летање на авионот, сензорите, системите за електронско војување, авиониката и големата борбена носивост - сето тоа заедно го прави импресивен воен авион со кој ретко кој друг може да се спореди.

Како што истакнува авторот на текстот, Су-35 првично не беше дел од руските сили испратени во Сирија во рамките на антитерористичката операција. Овие ловци се појавија таму дури откако терористите  соборија бомбардер Су-24М, кој во тоа време немаше поддршка. Распоредувањето на Су-35, како и ПВО-системи С-400, во Сирија испрати јасен сигнал до сите страни во конфликтот дека такви инциденти решително ќе бидат спречувани во иднина.

Во исто време арсеналот на Су-35, кој постојано добива нови видови муниција, му овозможи на рускиот ловец да стане закана за потенцијалните непријатели не само во воздух, туку и на земја. Авионот може да носи половина дузина крстосувачки ракети Х-31, кои се истрелуваат како во антибродска варијанта, така и за борба против ПВО на противникот. Во комбинација со напредните средства за електронско војување тоа го прави овој ловец моќна платформа за сузбивање на непријателската противвоздушна одбрана.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња