На Запад предвидуваат раст на популарноста на Су-35

Слободан Ѓукиќ

Американскиот воен аналитичар Дејв Маџумдар е уверен дека моќниот руски ловец Су-35 ги докажал своите квалитети на небото над Сирија, така што растот на популарноста на овој авион кај странските купувачи е само прашање на време.

Маџумдар наведува дека ловецот Су-35С (НАТО ознака „Flanker-E“) е најдобриот авион од тој тип што во моментов го поседуваат Воздушно-космичките сили на Руската Федерација, пишува „Национален Интерес“.

Како што признава американскиот експерт, овој апарат има одлични способности, а на пазарот се нуди по разумни цени.

Конкретно, рускиот ловец е многу брз и има голема носивост на убојни средства што, во комбинација са напредната авионика, го прави Су-35 екстремно опасен противник за кој било авион од западно производство.

Единствениот конкурент на рускиот апарат, според американскиот експерт, би можел да биде ловецот од петта генерација F-22 „Раптор“.

Авторот верува дека растот на популарноста на Су-35 меѓу странските купувачи е само прашање на време, особено кај оние земји кои не сакаат или не можат да купуваат западни авиони.

Целосниот триумф и понатамошниот продор на Су-35 на светската сцена, според американскиот аналитичар, единствено го забавува отсуството на борба со непријателски авиони, во текот на која руската машина би можела да ги демонстрира своите целосни потенцијали.

Спротивно на очекувањата на американската војска, се покажа дека F-22 „јасно се прикажува“ на нишанските уреди на Су-35.

На Запад претходно Су-35 го нарекоа „кошмар“ за американското Воено воздухопловство и „најнапредниот“ руски ловец.

Погледнете ги сите тајни на Су-35 во една видеоснимка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња