Су-35
Министерство за одбрана на Русија/Global Look PressРадарот „Ирбис“ е развиен од Научно-истражувачкиот институт „Тихомиров“. Благодарение на ротационата антена аголот на видикот по висина изнесува 90, а по азимут 120 степени. Со такво видно поле можат да се пофалат само малубројни ловци, пишува Military Watch. Во споредба со претходникот РЛС „Барс“ (се вградува на Су-27 и Су-30), „Ирбис“ има видни подобрувања, а максималната моќност изнесува 20 киловати, што го прави радарот најмоќен во својата класа.
Максималниот предвиден домет на детекција изнесува 400 километри за цели од типот „ловец“ и 160 км за летала направени со таканаречена „стелт“ технологија. На тестирањата „Ирбис“ работејќи со моќност од еден киловат забележа ловец Су-27 на оддалеченост од 300 километри а на 250 километри „зафати“ цел. При работа на површина показателите се послаби, но исто така импресивни, носач на авиони 200 километри, железнички мост 120. Патем, опсегот и прецизноста на работата на нишанот пред сé го фалат руските пилоти кои летаат со Су-35.
Радарот може да следи до 30 цели во воздух или четири на површина во различни комбинации. Радарот може истовремено да наведува кон цели до осум модерни ракети Р-77 или Р-37М.
Овој извонреден радар може значително да ги зголеми борбените квалитети на ловците Су-30 на кои ќе биде поставен во текот на модернизацијата. А кога се работи за Су-35, тој во иднина ќе добие уште помоќен радар со активна фазна антенска решетка создаден за Су-57.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче