Американската војска се жали на летовите на руските Ту-95 близу Алјаска: „Сакаат да нé упропастат“

MOD Russia/Global Look Press
Интензивните летови на руските Воздушно-космички сили и морнаричката авијација во близина на Алјаска ја уништуваат американската борбена авијација, која е принудена да ги држи ловците F-22 Raptor непрестајно во борбена готовност и да ги крева на небото во подолги временски периоди, што претставува голем трошок, се пожали американската војска.

Русија пак ги користи турбоелисните Ту-95 бидејќи се економични и идеални за долго патролирање.

Борбената авијација на Воздушно-космичките сили и Воената морнарица на Русија бележи најголем интензитет на летови над Тихиот океан од завршувањето на Студената војна. Во зоната на дејство на американските радари за ПВО поставени на Алјаска редовно се појавуваат стратешки бомбардери Ту-95, противподморнички авиони Ту-142 и други летала.

Бидејќи зоната за идентификација на ПВО е меѓународниот воздушен простор, руските авиони се наоѓаат тука потполно легално, меѓутоа Военото воздухопловство на САД не е во состојба да го игнорира нивното присуство во близина на американските граници, особено Ту-95 кои можат да носат крстосувачки ракети со нуклеарни боеви глави.

Во воздух мораат да се кренат најнапредните ловци F-22 Raptor. Во најсеверната воздухопловна база на САД „Елмендорф-Ричардсон“ има две ескадрили со такви авиони, што претставува една седмина од сите сериски произведени примероци на леталата. Притоа борбената готовност на ловците на Алјаска е највисока во оваа земја, над 50 проценти, а нејзиното одржување на тоа ниво бара големи напори. Од друга страна, руските авиони, како што е, на пример, Ту-95, имаат ниски оперативни трошоци и се совршено погодни за долги летови. Тие со часови се моткаат во зоната на нашите радари, се пожали раководителот на Северната команда на американската ПВО генерал Глен Ванхерк, чии зборови ги цитира MilitaryWatch.

Руските авиони покажуваат воена моќ, испробуваат ракетни удари и собираат разузнавачки информации. Во околината на Алјаска Американците не можат да сметаат на помошта на своите партнери од НАТО, туку мораат самите да сносат одговорност. Минатата година американското Воено воздухопловство распореди во базата „Елмендорф-Ричардсон“ ловци F-35, но нивната борбена готовност не е доволно добра. Главната работа за следење на руските авиони паѓа на F-22, чиј час летање чини 44 илјади долари, а и сервисирањето е најскапо во модерната авијација.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња