„Пука и после солена вода и песок”: Американски снајперист ги споредува АК-74 и M4

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
САД мораат да признаат дека автоматската пушка АК-74 е подобра од М4. Притоа за руското оружје се одлучија припадниците на специјалните единици на САД.

Американскиот снајперист Брендон Тајлер Веб од „Морнаричките фоки” во публикацијата подготвена за SOFREP сликовито објаснува во што се состои главната предност на АК-74.

„Тоа проклето нешто продолжува да пука дури и по солена вода и песок“, се наведува во материјалот. Овој специјалец истакнува дека автоматската пушка како да се потсмева на секој обид да се исфрли од функција и како да прашува: „Тоа ли е сé што знаете?“

„М4 се заглавува секој пат кога во неа ќе влезе песок. Моравме да користиме специјални водоотпорни кесиња за да обезбедиме VIP услови за префрлување на оружјето од крајбрежна зона на копно“, истакнува Брендон Тајлер Веб, споредувајќи ја М4 со АК-74.

Тој искажува зачуденост што американското министерство за одбрана не обезбедило изработка на поефикасно оружје кое би го заменило „товарниот коњ“ М-14. Експертот смета дека тоа можеби има врска со владината бирократија, кариеризмот и проблемите во договорните процедури. Брендон Тајлер Веб истакнува дека воените службеници за неколку чекори ја уназадиле еволуцијата на оружјето.

„АК-74 не победува на снајперски натпревари, но му верувам како на оружје за борбени дејствија во пречник од 200 метри или помалку. Таа за мене го помина тестирањето во услови на апокалипса“, истакнува американскиот специјалец. Притоа тој додава дека доколку би морал да бира меѓу М4 и АК-74, не би ја изабрал М4 поради несигурноста на американското оружје.

Освен тоа, Веб признава дека имал можност да вози американски и руски авиони. Вториве, како и АК-74, се многу сигурни и прилагодени за користење во сурови услови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња