Концернот „Темаш“ (дел од структурата на холдингот „Технодинамика“ – „Ростех“) планира од 2024 година да започне со сериско производство на лесни самоодни повеќецевни ракетни лансери (ПЛР), кои ќе користат ракети со калибар 80 мм. Ова на руските новинари зад кулоарите на конференцијата што ја одржува Сојузот на машинци на Русија им го соопшти првиот човек на холдингот „Технодинамика“ Игор Насенков.
„Ние во рамките на самостојниот проект што го реализираме со сопствени средства работиме на прототип модел на лесен повеќецевен ракетен фрлач со калибар 80 мм, кој планираме да им го покажеме на претставниците на руското Министерство за одбрана на военотехничкиот саем „Армија-2021“. Ако сè биде во најдобар ред, целиот проект ќе го завршиме до крајот на 2023 година, а по серијата државни тестирања ќе можеме да ја довршиме и производствената линија за сериско комплетирање до крајот на 2024 година“, рече Насенков, пренесува веб-порталот ТАСС.
Главен носител на новиот лесен повеќецевен ракетен лансер се инженерите на НПО „Сплав“ (дел од „Техмаш“). Се работи за технички и иновативно оспособен и компетентен тим стручњаци кој работи на развој и производство на практично сите типови реактивна артилерија која се наоѓа во вооружувањето на руската армија, како што се „Град“, „Ураган“ и „Смерч“, вклучувајќи ја и нивната понатамошна еволуција, демонстрирана преку напредните системи „Торнадо-С“ и „Торнадо-Г“.
Проектираниот изглед на мини-ПРЛ веќе му беше претставен на руското Министерство за одбрана. Главна база за создавање на новиот вид реактивно артилериско оружје ќе бидат ненаведуваните воздухопловни ракети С-8. Во овој момент се реализира научно-истражувачката работа, каде што главната задача е да се избере основниот технички облик врз основа на кој понатаму ќе биде проектиран новиот повеќецевен ракетен лансер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче