ВИДЕО: Погледнете кадри од стрелба на робот „Маркер“ по движечки цели

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот фонд за перспективни истражувања објави видеоматериал од показно гаѓање со борбен робот „Маркер“.

Од снимката се гледа како вооруженото со митралез гасенично возило ја демонстрира подвижноста на куполата, по што, управувано од операторот, погодува статички цели.

Потоа роботот со долг рафал погодува цели што брзо се движат на бојното поле на мали платформи управувани од далечина. Тука митралезот нишани автоматски. И на крајот, „Маркер“ се приближува до белиот штанд и на него со куршуми го испишува зборот „Ура“.

„Експерименталната платформа „Маркер“ е создадена за тестирање на технологии и основните елементи на копнената роботика“, истакнуваат од ФПИ.