Робот „Соратник”.
Press PhotoВидеоснимката на која е прикажана примената на борбените роботи „Нахлебник“ и „Соратник“, како и на борбениот модул ППДУ, автоматот „Витез“ и багито „Росомах“, е направена во центарот за тестирање кој му припаѓа на овој концерн.
Снимката трае околу една минута. Прикажани се нијанси поврзани со примената на роботите на бојното поле. Конкретно, се работи за извидување со помош на беспилотни летала со термовизиски и инфрацрвени камери. Овие уреди можат да разликуваат вистински од лажни непријателски цели, пренесува порталот rg.ru.
Интересно е да се види како припадниците на специјалните единици ги користат роботизираните системи „Нахлебник“ и „Соратник“ на гасеници. Борбените роботи се применуваат за сузбивање на утврдени огнени позиции како што се бункерите. Митралезите од голем калибар отвораат непрекинат оган и не му дозволуваат на непријателот да организира отпор. Противтенковските ракети истрелани од роботот „Соратник“ лесно ги уништуваат ѕидовите на бункерот. Митралескиот оган им овозможува на припадниците на специјалните единици да му пријдат на објектот на потенцијалниот непријател и да го применат новото оружје.
Демонстрацијата е изрежирана на начин на кој сите детали се добро забележливи и затоа роботите речиси целосно ѝ пријдоа на непријателската утврдена позиција, а непријателските војници вооружени само со пиштоли практично и не пружија вооружен отпор. Можно е во иднина токму вака да изгледаат борбените дејствија на органите на редот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче