Поглед во блиската иднина: Руските ВДВ се подготвуваат да примат илјадници борбени роботи

Заедно со падобранците-оператори во иднина ќе скокаат и ударни роботи

Заедно со падобранците-оператори во иднина ќе скокаат и ударни роботи

Слободан Ѓукиќ
Рускиот воено-индустриски комплекс (ВИК) се подготвува за масовно производство на борбени роботи со кои сѐ поинтензивно ќе ги пополнува оперативните единици на руската армија, вклучително и на ВДВ. Задачата на сите субјекти во рамките на ВИК е да го направат овој ненадеен технолошки скок кога е во прашање осовременувањето на руските вооружени сили така што ќе развијат нови проекти кои ќе ја олеснат нивната што поцврста интеграција во состав на постојните единици.

„Технодинамика“ развива десантен систем кој ќе биде применлив на роботизирани борбени платформи, соопшти информативната служба на холдингот, пренесува „Интерфакс“.

„Ние интензивно работиме на овој проект“, велат од информативната служба на холдингот „Технодинамика“.

Во состав на холдингот влегува и компанијата „НПП Парашјутостроенија“ која е една од водечките руски претпријатија за развоја на падобрански системи. Оваа компанија за потребите на ВДВ го развива најновиот падобран Д-14 „Шелест“ кој ќе биде компатибилен со борбено-тактичкиот систем „Ратник“, како и падобрански систем за перспективниот вселенски брод „Федерација“.  

Во март оваа година рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека сериското производство на борбени роботи за потребите на руската армија ќе почне веќе годинава. „Ние почнавме да произведуваме борбени роботи. Ја завршуваме фазата на комплексни испитувања. Се надеваме дека веќе годинава ќе почнеме со нивно сериско производство“, истакна Шојгу.

Истовремено тогашниот вицепремиер на руската влада Дмитриј Рогозин во интервју за „Интерфакс“ исто така најави воведување на борбени роботи во единиците на руската армија. „Наша основна задача е нашата жива сила од опасната зона да ја поместиме на безбедно растојание, но на начин и понатаму да го гледа својот непријател и ефикасно да дејствува по него. Целта е денешниот војник да се пренамени во оператор кој ќе управува со роботизирани борбени системи кои ќе бидат способни да решат огромен број тактички задачи“, рече Рогозин. „Понатамошниот прогрес ќе се базира врз неколку централни точки како што се максимален развоен напредок на полето на вештачката интелигенција, на квалитет на конструкцијата на роботот, вклучувајќи ги и беспилотните летала. Идните војни ќе се потпираат на модерна технологија која ќе биде исклучително ефикасна и со која ќе се управува од далечина“, категоричен е Рогозин.

Во овој момент рускиот воено-индустриски комплекс развива неколку ударни роботизирани системи за потребите на руската армија, како што се „Уран-9“, „Нерехта“, „Соратник“, „Кунгас“, „Платофрма-М“ и „Арго“. Според информациите на руското Министерство за одбрана, неколкуте наброени концепти веќе се тестирани во борбените дејствија во Сирија.

Прочитајте повеќе: Бунтот на машините: најнови борбени роботи создадени во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња