Руското Министерство за одбрана ќе ја проширува линијата борбени роботи

„Уран-9“

„Уран-9“

766 УПТК
Руското Министерство за одбрана ќе продолжи да ја проширува својата линија на воени роботски комплекси, изјави првиот човек на воениот ресор Сергеј Шојгу по проверката на реализацијата на државните нарачки од претпријатието 766 УПТК, каде што се разработуваат и произведуваат борбени роботи.

„Имаме намера да продолжиме да ја прошируваме линијата на роботи, кои веќе неспорно ѝ се потребни на војската. Како што се подразбира, тоа ќе бидат тешки роботи за деминирање и сè што се однесува на понатамошниот развој на извидувачки, роботи за радијациско и хемиско извидување, ги засега и надводните и подводните роботи“, изјави рускиот министер за одбрана, пренесува ТВ „Ѕвезда“.

Претпријатието 766 УПТК ги произведува роботите „Уран-6“, „Уран-14“ и „Уран-9“, кои се во состав на вооружувањето на руските Вооружени сили.

„Уран-6“, на пример, е наменет за правење премини противпешадиски мински полиња и целосно чистење на подрачја од експлозивни предмети надвор од борбени услови во режим на далечинско управување. Во моментов се тестира во реални услови во Сирија и Нагорно Карабах.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња