Руската војска покажа роботи-инженерци во акција (ВИДЕО)

„Уран-6“ во Сирија

„Уран-6“ во Сирија

Global Look Press

Во чест на 318 годишнина од основањето на инженеријата во руската војска, Министерството за одбрана на Руската Федерација објави спектакуларно видео во кое се прикажува најмодерната техника и вооружувањето на овој род на војската.

Првпат се прикажани снимки од деминирање на теренот во планините на северен Кавказ и во Сирија со помош на роботизираните системи „Уран-6“. Тие самостојно ги испитуваат и уништуваат неексплодираните гранати, ракети и мини на далечинско управување. Еден од кадрите исто така ја прикажува работата на операторите на извидувачки робот кој користи продолжена „рака“ за откривање на маскирани експлозивни направи.

Како што изјави за медиумите началникот на инженеријата на Јужниот воен округ генерал-мајор Александар Нестеренко, минатата година инженерците на овој округ провериле преку 16 илјади хектари земјоделско земјиште, 100 километри патишта и 23 згради. Пронашле и уништиле преку 52 илјади експлозивни направи. Од 2016 година руските инженерци дејствуваат во Сирија каде неутрализираа 105000 мини и неексплодирани убојни средства. А од октомври минатата година, одред од 36 руски војници исчисти 52 хектари територија од американските убојни средства кои останале од периодот на војната во Виетнам и Лаос.

Чудовишните машини со импресивен изглед, со чија помош инженерците ги вршат овие задачи, ја раздвојуваат земјата и ја извлекуваат оштетената техника од боиштето. Фабриката за средства за чистење на мини „Змеј Горинич“ одлично се покажа на Блискиот Исток, каде не само што со своите средства ги чистеа минските полиња, туку и уништуваа упоришни точки на терористите. Покрај тоа, прикажани се и оклопни булдожери како чистат урнатини на урбано боиште и градат утврдувања.

„Војската доби современи модели ново оружје. Така само во 2018 година пристигнаа преку 600 нови средства на инженериска опрема во единиците, а планирано е оваа година да пристигнат уште 650 нови средства“, наведуваат од командата на овој род на војската.  

Прочитајте повеќе: Сведоштво на руски офицер од Сирија: Во оваа земја се соочивме со опаки мини

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња