Од 6000 метри со опрема за кислород: кадри од скок на падобранците над Псков (ВИДЕО)

Војниците од единиците за специјална намена на Псковската гардиска десантно-јуришна формација и Центарот за специјална падобранска обука на Воздушно-десантните сили (ВДВ) на Рјазањ извршија десант од авион ИЛ-76МД од висина од 6000 метри користејќи опрема за кислород, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Маневрите се одржаа на аеродромот „Крести“ во Псков. Десантот беше извршен со брзина на авионот поголема од 360 км/час, со употреба на комплети за висински десант „Јункер-О“ кои вклучуваат падобрански систем за специјална намена „Стајер“, како и комплет опрема за кислород од руско производство „Окси Висота“.

Времето за слободен пад на падобранците по скокањето од авионот беше околу минута и половина, а слетувањето со отворен падобран - пет минути.

Десантот помина нормално, без инциденти.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња