Според шефот на руската држава, руската армија до 2024 година ќе има 76% современа техника, а кога станува збор за нуклеарната тријада, тој показател веќе 2021 година ќе надмине 88%.
Путин, исто така, посочи дека работата над сите современи воени системи се одвива во согласност со плановите, вклучувајќи ги „Посејдон“, „Буревесник“ и други системи.
„Веќе на борбено дежурство се најновите хиперсонични ракетни системи со интерконтинентален дострел „Авангард“ и ласерските борбени системи „Пересвет“, продолжи рускиот претседател.
Тешката интерконтинентална ракета „Сармат“ ќе се појави во арсеналот во 2022 година, а во најскоро време на борбено дежурство ќе бидат ставен ракетите „Циркон“. Се зголемува бројот на јуришни авионски системи со хиперсоничната ракета „Кинжал“, како и на бродовите опремени со високопрецизно хиперсонично оружје.
„Посебно внимание треба да се посвети на развојот на военото образование, како врз основа на воени училишта, така и врз база на воени образовни центри при цивилните образовни установи“, рече Путин.
Рускиот лидер се осврна и на недобронамерните акции на Западот насочени против Русија.
Според него, Русија е воздржана, иако обидите за „закачка“ продолжуваат. Претседателот истакна дека тоа на Запад станало еден вид спорт.
„Гледаме што се случува во реалноста. Како што веќе реков, се обидуваат да ја „закачнат“ Русија ту овде, ту онде, и тоа без никаква причина. Се разбира, околу нив веднаш, како околу Шир Кан, се врткаат секакви ситни Табаки. Сè е исто како кај Киплинг. Поткопуваат за да го одоброволат својот господар“, изјави тој.
„Организаторите на какви било провокации против Русија ќе зажалат поради тоа како што одамна немаат зажалено за ништо“, додаде рускиот претседател.
Тој нагласи дека Русија има доволно трпение и професионализам за секаков вид возвратни мерки. Путин исто така ги предупреди сите земји да не ја преминуваат црвената линија во односите со Русија.
Владимир Путин се обрати до Федералното собрание во живо во централната изложбена сала Манеж. Неговото обраќање го слушаа членовите на двата дома на рускиот парламент и раководителите на регионите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче