Рускиот МиГ-35 ќе добие систем со елементи на вештачка интелигенција

Борис Кисов

Во рускиот авион-ловец МиГ-35 ќе биде вграден систем со елементи на вештачка интелигенција. Тој треба да му помогне на пилотот при донесувањето одлуки во најразлични ситуации. Ова го соопшти прес-службата на корпорацијата МиГ (дел од „Обединетата корпорација за производство на авиони“ на „Ростех“).

„Експертскиот систем со елементи на вештачка интелигенција која му помага на пилотот во донесувањето одлуки во разни ситуации, како и системот на интегрирана оптика, кој овозможува видливост во сложени метеоролошки услови, веќе се вградуваат“, изјавија претставници на корпорацијата за новинската агенција ТАСС.

МиГ-35 е најновиот повеќенаменски ловец од генерацијата 4++. Се работи за унапредена верзија на авионите МиГ-29М/М2 и МиГ-29К/КУБ. Беше претставен на меѓународната јавност во јануари 2017 година. Во тој период започнаа и летечките тестирања на авионот. Кон крајот на истата година завршија фабричките тестирања. Ловецот е наменет за работа во зони на вооружени конфликти со висок интензитет, како и во услови на густ систем на непријателската ПВО, пишува ТВ „360“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња