Ловец на Военото воздухопловство на Русија ја измами ПВО криејќи се зад бомбардер

Су-35

Су-35

Иљја Најмушин/Reuters
Авион-ловец Су-35 од тверската воздухопловна база „Хотилово“ ги избегна средствата на ПВО криејќи се зад стратешки бомбардер Ту-95МС.

Два авиона Су-35 полетаа заради учество во заеднички маневри со стратешките бомбардери кои долетаа од саратовската воздухопловна база „Енгелс“. Ловците тренираа следење стратешки бомбардери, а потоа еден од нив изведе лукав трик -  се сокри од радарите на противвоздухопловната одбрана.

„Еден Су-35 беше оддалечен два километра од ракетоносните бомбардери и патролираше, додека вториот му се приближи на авион  Ту-95МС на безбедна дистанца и ги измами копнените средства на противвоздухопловната одбрана“, велат од информативната служба на Западниот воен округ.

Потоа екипажите на Су-35 изведоа сложени потези имитирајќи воздушен двобој, по што се вратија на аеродромот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња