Автомат АЕК-971 со калибар 5.45х39 мм со потцевен фрлач на гранати ГП-25.
http://www.vitalykuzmin.net/На почетокот на 1970-тите советската воена команда бараше целосно нов јуришен автомат со кој ќе беше заменет застарениот АК-47. Концернот „Калашников“ го испрати на армиско тестирање моделот АК-74, а конкуренцијата од гратчето Ковров го претстави автоматот СА-006, за кој се покажа дека според многуте параметри е подобар од калашниковот.
Како изгледаше автоматот СА-006?
Автомат СА-006
Archive photo„АК-47 има цела низа недостатоци: претерано моќен куршум и неизбалансирана автоматизација. Поради тоа е мошне непрецизен, особено ако се пука во стоечки став. Тоа не е добро за блиска борба и нечујни операции во објекти“, рече извор во руските вооружени структури кој посака да остане анонимен.
Тие недостатоци, меѓу другото, ја поттикнаа воената команда да побара современа замена за АК-47.
Се покажа дека моделот СА-006 е јуришен автомат со избалансирана автоматизација.
Ударот на носачот на затворачот во задниот ѕид на сандакот со ракофатот се амортизира така што трзајот е двојно помал.
„Во текот на армиските тестирања АК-74 и СА-006 беа далеку попрецизни од АК-47, пред сé благодарение на калибарот од 5,45х39 мм. А пак СА-006 беше 50% попрецизен од моделот АК-74, но на крајот вториот стана главно оружје на руските војници во наредните децении“, вели Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.
Според изворот во руските вооружени структури, војската не го прифатила СА-006. Наместо тоа, направена е цела низа модификации на овој модел, за на крај ограничена количина автомати биде откупена за единиците на Федералната служба за безбедност. Реинкарнацијата на СА-006 денеска е позната под ознаката АЕК-971.
„Тој има помал трзај од АК-74, а брзината на гаѓање му е 900 куршуми во минута. Тоа е добро, меѓутоа таквото оружје е чувствително и можат да го користат само искусни стрелци“, вели тој.
Автоматска пушка АЕК-971 6П67 со калибар 5,45х39 мм.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netСпоред него, војникот кој не е доволно добро обучен не би знаел ни како да го опслужува АЕК-971, затоа што овој автомат има многу повеќе делови од АК-74 и за расклопување и склопување е потребен специјален алат.
„Вие не можете да го фрлите АЕК-971 во кал а потоа да го извадите од калта и да почнете да пукате. Морате да знаете што да правите со него и во кои операции да го носите“, истакнува наведениот извор.
Одлуката за тоа АК-74 да биде основното оружје на советските војници експертите ја објаснија едноставно. Имено, на советската индустрија ѝ беше полесно и поедноставно да прави делови и муниција за автоматите „Калашников“ затоа што тоа производство веќе беше разработено. Покрај тоа, калашниковите им одговараат на сите стрелци – како на почетниците, така и на професионалците.
„Доколку го избереа СА-006, многу нешта ќе мораа да се модернизираат или да се променат од корен, што ќе чинеше скапо. А бидејќи АК-74 покажа многу добри резултати, тогаш изборот падна врз него“, истакнува главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче